Така беше и со турскиот збор kismet (со потекло од арапскиот збор qiѕmqiѕmеt), на албански kѕmеt, на аромански casmete, на српски кисмет, на бугарски касмет, прифатен и раширен со значење на судбина, среќа, така било пишано, фаталност.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Актерот е оној елемент од интерпретацијата кој крие најмногу загатки и дава најмалку гаранции“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Влезете да ја видите најголемата блудница која криејќи се зад маската на светица се вгнезди во нашава куќа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се молчеше насекаде за сѐ што беше поврзано со тој тукушто пронајден збор “сексуалност” – се молчеше во училиштата, црквите и синагогите, се молчеше дома, во салоните и на плоштадите, молчеа весниците и книгите; а како покривање на тој збор служеа и алиштата кои криеја сѐ од прстите на нозете до вратот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Татко го прифати со задоволство предлогот за новиот збор и се радуваше што Камилски, макар што не беше ниту ориенталист, ниту турколог, со пасивното знаење на турскиот јазик, успеваше да проникне во тајните на балканските јазици, кои криеја меѓусебни мистерии, тешко одгатливи, дури и од умните лингвисти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)