Том Вејтс (7. декември 1949) и Гоце Арнаудов (19. август 1954 -6. декември 2011), во возот кој кружи, дури некому не му дојде станицата.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа е фокусот од каде зачнува прекрасната игра и размисла, тоа е стожерот околу кој кружи химничноста на човековиот труд или мисла.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Јазик, слобода, дух, непобитно е, дека феноменот на јазикот не може да се заобиколи, дека тој претставува апсолутна материја на поезијата, дека е стожер околу кој кружат и музичкото и ликовното и мисловното и духовното и самото време, најпосле.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Постојаното ѕвонење на камбаната, ги возбудуваше и птиците кои кружеа над манастирот и кричеа, ги возбудуваше и пауните во дворот кои постојано испуштаа гласови, силни, пискливи; и добитокот рикаше во шталите, блееја овците - се чинеше секоја живинка се радува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ги следеше крикот на галебите кои кружеа над коњаникот, како и тие да учествуваа во оваа преубава игра.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Маргина 35 91 Подготвил: Енџи Есес Интервенција: Жилетко Тарапуза Љубов Не знаеш дали да живееш во илузија, дека твоето превртено ЈАС го кадрира замислениот суперортикон, или е поважно твоите постојано променливи по големина репродукции да бидат во профилактичниот код кој кружи интра туѓата набраздена полусфера.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Пречникот на неговата сенка, која кружи околу, на сите шеснаесет страни, зафаќа простор уште шеснаесет пати по толку.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ги следеше крикот на галебите кои кружеа над коњаникот, како и тие да учествуваа во оваа преубава игра.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)