Исто така Милер известил дека на Заседанието одржал говор и Светозар Вукмановиќ - Темпо кој нагласил дека “партизаните на македонската армија се подготвени за понатамошни операции против Хуните во правец на Берлин“.305 Текот на Заседанието со особено внимание бил следен од претставниците на британската и американската воена мисија во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од учесниците на тркалезната маса разговорот го започнал Сава Косановиќ, кој нагласил дека Југославија претставува најинтересниот дел на Балканот, бидејќи таа повеќе од две години се борела против окупацијата, а тоа, според него, било одраз на вистинскиот балкански дух.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во дефинирањето на терминот "балкански дух", Косановиќ сметал дека е голема грешка зборот "балканизација да се употребува со омаловажување".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)