А Џони, сељак каков што Бог го дал, нема респект за таа семејна интима, па ни го ебе муабетот со своите стихови, кои одекнуваат некаде во мене: Није важно одакле сам, све док знадем куда путујем, Дерало ме седам мора, горка кора љуте невоље, То што броди не могу да превале - човјек умије... Мени се, душо, од тебе не растаје.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Попладнето, сепак, не е добро време за да се опуштам, си реков, исправувајќи се.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Некој удираше со тешката потковица со силни удари кои одекнаа низ целата куќа. .
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
- Мора да си гладен, - заклучи тетка ми откако слушна еден извонредно силен татнеж кој одекна од моите истрауматизирани црева.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Вест која радува:
младост на обликот (Модилјани)
ластерки на личотијата од нов вид
- а прстите на цветаева невидливи
врз тилот на долгата жешка зима –
мимика на притивнат протест
сѐ-на-сѐ
антиграматика на очајот
- спознај се самиот себеси
и уште (асоцијации за вратот)
теснец кој пулсира – притеснета надеж
клисура во која одекнува контрабас
а мажите аргонаути, крзнољупци
верници од инакви светови
не се откажуваат од потрагата:
влезот во жената е бескрајно долг
да биде волјата ваша
слободна!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)