Ја сакаше оваа игра со карти, покрај таблата, во која одлучуваше за добивка случајот, но и нервите, карактерот на другите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси само од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)