Авторот ги забележува убавите дојки на Летка, напнати од надојденост, како што му се чини на авторот кој помислува тоа што не е за помислување.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Навистина седнав и тоа со некое чудно чувство на повратник, кој помислува дека втасал дома но не смее да ги отвори очите бидејќи се плаши од разочарувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не попуштам, туку и натаму гледам кон внатре: црвената се разлева, се разблажува, и некои жени, побледи, во розово, лежат, или се тоа нивните опуштени сенки, а бојата за која помислив дека задушува, сега е заднина на еден, во основа спокоен пејзаж.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Минувајќи по автопатот во близината на аеродромот, домаќинот ни обрна внимание на еден голем и широк подвозник, за кој помисливме дека е еден од обичните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Зар еднаш во животот се имаме самозалажувано?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)