Иако и самиот тој на моменти не беше сигурен дали да се надева во излез од темнината во која потона Марија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Адријан поспано и зашеметено кажува дека се чувствува “задоволен”, што не ме чуди после половинката што ја зема и после двете пинти во кои потона пред ручек.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Обајцата лежиме навалени под агол од 20 степени; обајцата топли; задоволно наполнети откако претходно изџвакавме полн куп јагоди, манго, сендвичи и пола шише од искричавото Burgundy.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во грлото му се скрши гласот и од старечкото око потече солза - лута, горчлива, болна, густа, распалена, жешка, срдечна и тажна, во која потона зеницата и само за миг го снема ридот зад кој е големата вода, па планините, па пак големата вода и преку неа...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И потем на ништо веќе не се сеќавам освен на облакот светлина во кој потонав како во некакво блажено бессознание.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На околу повеа и се разлеа опојувачки мирис во кој потона воздухот, а ние со затворени очи го вдишувавме до ненаситка.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)