кој (зам.) - прави (гл.)

Поради тоа, ние мора да ги избегнеме сите линии на пропаганда кои прават зависни споредби меѓу земјите кои се борат и оние кои не се борат и мора да го употребиме примерот на првите со цел да ги покренеме вторите на акција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Посебно нагласува дека „длабокиот снег е хендикеп...а додека оние кои прават стази за поминување по петнаесет минути се изморени...партизаните страдаат многу, бидејќи 2/3 од бригадата е без чизми и многу без кондури или какви било чорапи. Многу умреа од смрзнатини“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Дека Партијата е вечен заштитник на слабите, посветена секта која прави лошо за да може да дојде доброто, која ја жртвува сопствената среќа за среќата на другите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На телевизорот оди сцена во која прават лек одделувајќи го отровот од забите на една отровница поради несреќниот случај со едно момче во пустината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги отворам очите. Ова е она што џанките го нарекуваат “gowtching out”, со други зборови неволно паѓање во сон.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Имаме цела екипа од луѓе кои прават сѐ што ние сакаме да направиме. Тие (компјутерската безбедност) ги имаат луѓето со коишто работат и можеби уште два-тројца кои можат да ги повикаат по потреба. А кога мојот мозок работи на нешто 24 часа дневно, а вашиот шест и пол, без да го сметаме ручекот, нормално дека ќе ве надминеме.“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
За нив, режисерите, авторите и останатите учесници во градењето на театарскиот израз, се луѓе кои прават будали од себе, зашто на крајот актерите го прават само она што го знаат и умеат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Околу скелетот имаше расфрлано пари и едно светлозелено парче стакло, со некакви преплетени букви кои правеа облик на крст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потребни се само три-четири дена да се фалсификува еден вид таблета и да се пушти на улица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
“ Сепак, често производителите се тие кои прават имитации на соп­ствените производи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Срцето никогаш не е мазохистички настроено, тоа е радосно, главата е таа која прави проблеми.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Б: Но има многу луѓе, како што се Кристијан Волф и Фредерик Рцевски, кои прават нешто што би можело да се нарече „политичка“ музика: како Кристијан во правецот на либерален социјализам. К: Јас тоа не би го правел на тој начин... тоа не би го правел во никој случај... Б: Не.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
XVIII Северецот и Југот пак почнаа да се бијат над селото; луѓето изнапатени од нивните завери со кои правеа пустош, се ежавеа и ги колнеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)