На крајот би сакал да признаам дека по неколуте темелни читања на оваа поетска книга, во огледалото ми остана едно по малку зачудено „смајли”, како халуциноген потпис на оваа ретка поетска објава, на оваа силабичка брканица, која ме потсети на големиот мајстор на џезот, Телониус Монк, на оваа длабоко доживеана и искрена лирска понорница, која проблеснува со силината на Пикасовиот и Клеовиот „свесен инфантилизам”, кој е врв во артикулацијата на најчистото, најпримарното и најиманентното во човека, кое го тера да создава и пресоздава...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)