Седмата категорија им припаѓа на месарите и месарките, односно на луѓето кои се дел од квази уметноста односно естрадните певачи и певачици кои продаваат месо, гз и месни производи само да се одржат што е подолго во живот (се разбира има и вистински уметници ама нивниот процент е 0,5 %).
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Речиси на секој чекор се среќаваат црнци, веројатно студенти кои продаваат сувенири од своите земји, изработени од дрво и железо.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Имено, во Софија се води поодамна „сладоледска војна“ и тоа меѓу Хигиенско - епидемиолошкиот институт и трговските организации кои продаваат сладолед.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Меѓутоа, овој вид легализација би овозможил останатите методи на борба против наркоманијата да се насочат кон ограничување на “сивиот пазар” за млади.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Би можеле да се забранат и автоматите за продажба и да се одредат казни за трговците кои продаваат дрога на млади.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во Лерин запознав еден постар господин кој продаваше весници и цигари во трафика.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Човекот кој продаваше беше во поодминати години, ама стасит!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кој продаде до пладнина – продаде, кој не – ќе ги тера добиците до пазар, ако не сака да ги продаде пошто-зошто.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А стариот Курназ, кој продаваше купечки цигари а и качак под тезгата, како и по некој весник, ама владин а никако опозиционен, ја држеше трафиката благодарение на ногата што ја немаше.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Отсекогаш сум бил тоа. DD ПТ: Што е за вас комерцијален уметник? DD ЕВ: Не знам - некој кој продава уметност. DD ПТ: Значи, сите уметници се комерцијални уметници, со одредени разлики во степенот на комерцијалноста. DD ЕВ: Така, мислам. DD ПТ: Дали подобар комерцијален уметник значи некој кој продава подобро од другите? DD ЕВ: Не знам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)