XI Отсекогаш во музеите ме обзема неразбирлива меланхолија која продолжува во внатрешна забрзаност што побрзо да минам крај експонатите, да се вратам во животот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Никогаш, и со никаква глад, за себеси, не би можел да ја објасни таа неосвоива тврдина на монологот која продолжува да стои и по него, сосема независно од неговото освојување на тврдината, односно од неговиот Крај, како таинствена игра на разнобојни и зачудени стакленца, само по себе, се би продолжило понатаму. okno.mk | Margina #1 [1994] 49
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Дојде од купатилото гола. Од задниот дел на косата и плешките, кои не успеала да ги забрише со крпата, ѝ се тркалаа капки вода кои продолжуваа надолу по телото во кривулести поточиња сѐ до задникот и бутовите каде се распрснуваа и, така разлеани, целосно ја препокриваа кожата која со влажниот слој добиваше проѕирна жолто-руменеста боја со необичен сјај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
А тој успеваше да се додржи на својот провев благодарејќи само на својата дигната пушка, за која продолжуваше да се додржува како за некоја сѐ уште цврста гранка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не вложуваше голема надеж и во овој обид, не само за да не биде исто толку разочаран од негативниот исход туку и затоа што веќе беше отрпнат од неуспеси со кои продолжуваше како што и почна неговиот живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Баба ја среди куќата, ја оживеа градината која продолжуваше до брегот на Езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сите ги бараат своите најблиски: во тие стари чешки и италијански камиони што не сакаат да подзастанат сите трчаат крај камионите, се туркаат, се удираат, а оние кои паѓаат, остануваат да лежат поснопица, изгазени од навалицата... така ката ден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Големото семејство продолжуваше да се раслојува и да се обновува во нови мали семејства кои продолжуваа да гравитираат сега околу Мајкиниот дом.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Оваа огромна капија ѝ се стори како непреминлив ѕид, како душата на самата граница која продолжуваше во луѓето и од која не можеа векутума да се ослободат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)