Исто така, несфатлив и рестриктивен е условот кој пропишува 25 години работен стаж за лицето да може да го добие материјалното обезбедување (чл. 2 ст. 1 ал. 2).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тонот на промените во оваа сфера го даде укинувањето на превентивниот чл. 128 од ЗРО (1993), кој пропишуваше дека работодавецот презема мерки за ублажување на негативните последици од престанокот на работниот однос (чл. 5, ЗИДЗРО/2000).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Второ, и кај овој закон 125 постои одредба која пропишува дека работниците на кои им престанал работниот однос на нивно барање или поради кршење на работниот ред и дисциплина не можат да ги остваруваат правата утврдени со овој закон (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со измените од 2009, пак, наместо одредбата која пропишуваше губење на статусот заштитно друштво во случајот кога повеќе од три пати во последователни две години го наруши минималниот процент на инвалидни лица или падне под минималниот број на вкупно вработени работници на неопределено време – усвоена е порестриктивна одредба според која заштитното друштво го губи овој статус ако повеќе од три пати во вкупно траење од 90 дена процентот на инвалидни вработени лица им падне под минимумот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Исто така, во Законот од 2002 година, за разлика од Законот од 1996 година, во одредбата која пропишува дека членовите на Одборот на директорите се должни да ги вршат своите функции не само во интерес на акционерското друштво и на акционерите, туку и во интерес на вработените, интересот на вработените повеќе не фигурира (чл. 314, ЗТД/96 и чл. 265, ЗТД/02).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Важна поволност за невработените лица на кои се однесуваат овие закони е тоа што се предвидува склучување на договор за вработување на неопределено време, кое е зајакнато преку одредбите кои пропишуваат дека отпуштањето на овие лица или на други работници за периодот предвиден со овие закони за работодавците ќе значи губење на поволностите кои тие ги добиваат преку овие закони.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
10 Во 1997 се укина одредувањето на рокот во кој работодавецот мора да го избере кандидатот/те за работното место и, уште поважно, се укина одредбата која пропишуваше дека известувањето за извршениот избор се доставува до сите кандидати – во рок од осум дена од денот на донесувањето на одлуката за избор (чл. 11, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)