Ружди живее во егзил односно живее со пукнатината низ која истекува неговата другост, онаа кон која решил да пребегне, да се изолира, да опстои во самоизгон.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
ДЕКОРАТЕРОТ Му реков на Боге од Бањи дека Огнена Гулева дојде прва меѓу првите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И токму во присуството на оваа несигурна помисла треба да ја побарате причината за молкот во кој решив да ја сместам судбината на еден татко.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Којзнае можеби еден ден станувајќи рано в зори ќе бидеш сведок на некој неверојатен настан кој решил да се случи за токму тебе да те направи славен а ти суетен поет кој дотогаш само за природа си пеел и мислел дека си главен неверуваќи им на своите очи ги затвориш кепенците од куќните одамна дотраени прозори и нишајќи со главата во негодување на она што пред тебе животот го точи длабоко ќе воздивнеш велејќи: – одамна заминаа моите возови 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но оваа епистемологија исто така има корени, традиции за излекување, кои се испреплетени во самата технологија, јазикот и праксите на деструкцијата. Foucault го обнови старогрчкиот термин epimelia heauton кој ги означува психолошките и интелектуални услови во коишто личноста е заинтересирана за грижа за сопственото јас, за работата врз себе.10 Терминот исто така ги опишува и одговорностите на моќта. Epimelia heauton имплицира внимание, знаење, техники, медитациска работа што бара разбирање за потребите на светот, коишто на поединецот не му се прикажани низ цивилни закони или религиски обврски туку како избор на постоење направен од самиот поединец кој решил дали ќе се грижи за себе или не, со тоа грижејќи се и за светот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таму, тие кои решиле да направат од нас војници, по протестите што се одржаа по селата на Преспа и Корештата, поради тоа што не донесоа, раководството одлучи да не тргнат од вежбалиштата во Преспа, а јас би рекол да не скријат од очите на мајките.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Потоа настапи мала непријатна тишина во која решив да се проѕевнам за да покажам дека ми дошло време за попладневната дремка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Нејзините две мали деца - моите други братучеди, исто така машко и женско - се тискаа зад неа и се обидуваа со љубопитните очиња да ме измеркаат отаде нејзините грамадни раце.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во текот на парницата5 го застапуваше истиот адвокат, кој реши да го застапува бесплатно, а пак доколку го добие спорот ќе си наплати од спротивната странка според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4 По недобивањето соодветен одговор К. П., во декември 2009-та, ја поднесува тужбата и, како што вели, позитивно е изненаден од времетраењето на судскиот процес – кој траеше четири месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)