Природата ја преточи љубовта во прекрасна мелодија, арија на страстите и чувствата, возвишени ноти кои можат да ги слушнат само оние кои слушаат со срцето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Некои од нив навечер ги будат удари по вратата, други се во постојана кавга со некој невидлив соговорник, трети ги затвораат ушите затоа што не можат да ги издржат неподносливите пискотници.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со Земанек нѐ зближи и музиката; и двајцата сакавме џез, и по тоа се изделувавме од другите, кои слушаа лесни новокомпонирани шлагери, фолк и поп.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Има луѓе кои слушаат нешто што другите не можат да го чујат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но во сувите и студени зимски денови ме повлече непозната студена рака во сувата тишина на осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Така, ја посетив и Зоолошката градина, за која слушав уште во Келн дека била една од најразновидните и најголемите во Германија, па и во Европа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)