кој (зам.) - сме (гл.)

По толку години, брат ми ќе биде тука, во куќата во која сме растеле, и ќе можеме да се потсетиме на сите оние минати години, на луѓето и настаните, на нашата сиромаштија, на оскудицата која, во заедничкиот живот и топлата упатеност, се претвораше во доволност и радост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, да не се занесуваме; постојат стотици причини за живиот песок во кој сме; за професионализам требаат пари и минимум сигурност, а тоа се двете најдефицитарни нешта во новиве околности.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова небесно складиште е нашиот изворен дом од кој сме нурнале во светот на измамливите феномени.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Претпоставувам дека, ако би ни биле познати сопствените коски, никогаш не би ги покопувале мртвите, туку би ги чувале како светињи во соби уредени онака како што би сакале да ги затекнеме кога ќе отидеме во посета; а нашите непријатели, доколку ги украдеме нивните тела од боиштето, треба да ги ставаме во музеј онака како што умреле, со сѐ уште видливиот челик во телата, со искривени шлемови, со неизносени заштитни капни на чевлите, па пријателот и непријателот би станале толку неверојатно историски што и за сто години би ја затекнувале устата отворена за истиот говор и сите делови со кои сме го минувале животот прободени какви што отсекогаш биле - градниот кош, околувратникот, черепот - сѐ уште повторувајќи се, сѐ уште предизвикувачки, лесни како ангели, сѐ уште вредни за сеќавање и љубов.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Знаеш, како пловење на риба; таа со секое движење создава десетици водени форми низ тие бескрајно ситни бранувања, но таа тоа не го гледа, ко и ние целиов хаос од честички во кој сме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Е Тодоре, Тодоре — рече Толе — да знајш кој сме и кај одиме не јагне и леб, ами отров не би ни дал.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се сметало дека доколку би се извршиле “штети на железничките чинии за кои сме заинтересирани би биле потребни два, повторувам, два месеци за да се поправат.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Нека открие кој сме ние, со толку нишани, стигнати до врвови, а сепак останати на дното.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И нашите војни, без да се откриеме докрај кои сме, остануваат братоубиствени...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, таа мрежа, ткаенина совршена е само слика на светот божји; та нели и Бог ја создал небесата налик на мрежа, и нели ѕвездите на небото мали јазли од таа мрежа се, мрежа во која сме уловени со нашите судбини неизбежни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Времињата се изменија, па и за нас кои сме во Јапонија, традиционалната јапонска уметност е ограничувачка бидејќи ѝ недостасува универзалност; таа нема никакви врски со глобалната современа уметност, туку е наменета и е врамена во една единствена култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Промовирајќи се себеси како главен уметнички центар, Лондон не успеа да заживее според неговиот вистински космополитизам и современост (овде уметничките институции главно не се разликуваа од образовните системи кои сѐ уште се структурирани на национална основа и како што вели Edward Said, “сѐ уште не сонувале” за начините на кои сме денес помешани заедно).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога сѐ ќе биде готово, ние со полковникот ќе излеземе на мократа зелена ливада, ќе ги собереме од тревата шаховските фигури и ќе ги распоредиме врз таблата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 81 илустрација: VALERO DOVAL “)))ƚ))ƚ ƥƪƟ)ƚ” 82 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во секој случај, си има особени предности проучувањето на некој класик – на канонско дело што не е од нашево време.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите тие работи може да нѐ заменат; може да денотираат кои сме ние.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто не можеме разбирливо и систематски да опишеме што е тоа што тој предмет значи за нас, сосе точните влогови во нашата реакција на него?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доблестен стремеж е тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Обично не мислиме вака за културните предмети; тие не ни се претставуваат веднаш така.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сакале или не сакале, ние им подлежиме на општествените околности и на културните кодови што немаме моќ да ги менуваме (барем не на краток рок), на кои имаме моќ само да им се опираме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Активната пасивност на машката геј-култура, нејзиното уживање во подреденоста и нејзиното гордеење со неа, нејзината готовност да се идентификува со поимањата со кои се карикатурираат или се омаловажуваат жените и геј-мажите не треба да се сметаат за ратификација на тие поимања, туку за уште еден израз на кампската интуиција дека нема ништо надвор од моќта, дека малцинствата и стигматизираните групи не можат да бираат како ќе се гледа на нас и каква вредност ќе им одредува општеството на нашите животи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така, кампањите за малцинските права упорно го туркаат идентитетот (кои сме ние) пред субјективитетот (како се чувствуваме) и нагласуваат нешта како што се општествената еднаквост, придобиките од разновидноста, задоволствата на различноста, етиката на мирниот соживот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој не открива кои сме – на крајот на краиштата, никогаш не настапуваме во него, барем не како видливи геј- мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако класичниот бродвејски мјузикл од 1940-тите и од 1950-тите строго го протерувал од својата сцена секого и сѐ што би можело експлицитно да се прибележи како хомосексуално во умовите на неговото гледалиште, „сега може да изгледа дека дало далеку побогат приказ на [геј-] желбата“ отколку што би можело да даде кое било експлицитно претставување на таа желба на денешната бродвејска сцена. (132) Проблемот, или парадоксот, е што геј-идентитетот „на кој сме му ги довериле сопствените политика, етика и сексуални животи... е во суштински редуктивен однос со желбата врз која е заснован“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мораше да се повикам на убаво документиран пример за емотивната внесеност на геј-мажите во избраните парчиња од главнотековната култура, дури и ако тоа значеше бирање нешто старомодно и не многу актуелно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Беше тоа страшна историска непогода, а не нешто што има врска со нас и со тоа кои сме – па, така, нашата емотивна реакција на неа исто така немаше никаква врска со нас или со тоа кои бевме како геј-мажи, освен кога колективно нѐ обвинуваа за самата епидемија чии жртви бевме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па зошто не можеме да наведеме кој е тој ефект?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Стилот е заситен со значење, вклучително и со сексуално и со обродено значење, па тоа што ти се допаѓа одреден стил открива многу и за твојот сопствен сексуален и родов идентитет, за начинот на кој се поставуваш себеси во однос на веќе воспоставените полиња на општествено и сексуално значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во некои случаи можеби би била доволна некоја контекстуална студија на стиловите на дизајните и на нивната историја за да се расчисти мистеријата на нашите инстинктивни реакции кон поединечни предмети така што ќе се укаже на културните традиции на кои алудираат тие предмети, на родословието на претставувањата од кои потекнуваат и на мрежата од асоцијации на кои се надоврзуваат за да ги создадат своите значења и за да се здобијат со конкретните општествени значења што ги изразуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Клониме од еден дизајн, кој никогаш, ама никогаш не би го имале дома – или не би го носеле, или не би го возеле – не само затоа што е грд туку и затоа што е, да речеме, сладок или китен-китен или фалбаџиски или мелодраматичен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа е почеток на процес на обратување и преозначување: тоа е начин да си ја усвоиме сопствената положба, при што конкретната цел е да ја свртиме наопаку или барем да ја свртиме во своја корист.396 Како што веќе забележавме, доминантните општествени улоги и значења не може да се уништат, но може да се подријат и да се дереализираат: возможно е да се научи како да не се сфаќаат направо (стрејт).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму затоа што Џоан Крафорд не зазема страшно многу простор во нашата култура, како и да ја дефинираме, токму затоа, велам, можеме да се обидеме да ја истражуваме привлечноста што ја побудува кај гејовите без да се чувствуваме лично засегнати од исходот – или, барем, без да се чувствуваме баш толку лично засегнати колку што би се чувствувале кога би избрале предмет во кој сме сега внесени (како Лејди Гага).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зошто не можеме да ги распознаеме вредностите за кои се работи кога нешто ни се допаѓа и не ни се допаѓа и кои изгледа играат толку пресудна улога кога се дефинира кои сме?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Помага да се објасни постојаната привлечност на утопизмот, како во квир-теоријата така и во лезбејското и во геј-движењето во целина.256 Но, тоа укажува и зошто традиционалната машка геј-култура – која се справува со светот онаков каков што е, со начинот на кој сме живееле и на кој сѐ уште живееме и која не се стреми толку да го смени светот колку што се стреми да им одолее на неговите недела (дури и по цена да излезе реакционерна, а не прогресивна) – им дава толку важно емоционално и политичко средство не само на геј-мажите туку и на многу други инакви видови на општествено дисквалификувани луѓе, барем на оние чие чувство за непоправливата погрешност ги прави готови за неа да ја платат таа болно превисока цена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, во овој миг го имаме и нужното растојание за да поставиме низа други прашања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, кога ќе се соочиме со избор од нив – особено онаков избор што, како што си замислуваме, ќе укаже не само на она што ни се допаѓа туку и на тоа кои сме – во такви околности реагираме инстинктивно на начинот на кој таквите артефакти може да се одразат врз нас, што подразбира и свест за нивната кодираност за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Прифаќањето на некоја положба во која сме неминовно сместени не значи нејзино консолидирање, а не значи ни прифаќање на неповолните околности во кои се издигнуваме до претставеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Влавот, бре, значи ние кои сме дошле тука, поправо нѐ донесоа од Епир, знае да чува овци и кози, сирење, кашкавал, урда да прави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Излезе маж во одминати години, трипати се прегрна со Исо и без да праша кои сме и од каде, истото го стори и со нас.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Љубопитно се распрашуваат кои сме, им изгледаме туѓи за што првпат нѐ гледаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веројатно му објаснува кои сме и што бараме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Место предговор Кој ќе посведочи за времињата во кои сме биле впиени и впечатени со безброј нишани и врзани со крвави нишки?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одиме и ја бараме куќата во која сме биле сместени и.. ја најдовме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Слегнав за да се исповедам и да си го олеснам страдањето од неправдите на кои сме осудени да бидеме сведоци, да гледаме, да пластиме, без можност ниту офка да изустиме. Да си олесниме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа се симнав да ти ја кажам скрбта со која сме налегнати, тагата со која сме исполнети до гуша, чемерот врз нашата душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ми се чини оти они не се прави и ете зошто: Во новата книга се зборува, вистина, и за отцепување и за соединување, но за отцепување од тие што сме веќе отцепени и со кои никојпат не ќе ни дозволат да се соединиме, а за соединување со тие со кои сме морално задолжени да се соединиме и со кои соединувањето е возможно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега приказите на дискетните романи содржат низа информации сосема резлични од оние на кои сме навикнати: издавачот е некоја од компјутерските корпорации (нпр. Eastgate Systems), тука се и податоците за компатибилноста и за програмите што се користени за “обликување” на текстот, а описот на самото дело предизвикува асоцијации на опис на видео-игра.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Колку само сѐ е банално, рече неговиот пријател, колку се излитени улиците по кои секој ден одат на училиште, колку се здодевни нивните животи стегнати во вечно повторливото секојдневие на провинцијата во која сме заробени со своето раѓање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги делев новинарските статии во кои беа наброени имиња на авторите кои со своите дела (не знам на кој начин) „ќе ја откријат душата на народот... ќе ја оформат свеста за тоа кој сме ние како народ“ (цитат од говорот на Старделов на промоцијата на првите десет тома).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Делејќи им ги статиите, за цело време се плашев да не треба да се изложам на посебни напори, то ест да ги претворам моите пријатели во идиоти за да сфатат дека без објавувањето на делата на некои автори ќе биде многу тешко да се открие душата на нашиот народ, да се оформи свеста за тоа кој сме, а уште помалку за тоа каде зјапале 100-те академици, писатели и научници додека ги составувале списоците.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ти забораваш кои сме и каде живееме?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Ние, долупотписаните селани, православни от вера, понеже родум Бугари и верни поданици на н.и.в. Султан Абдул Азис, премилостиви нас цар и татко, кому всевишни Бог да подарува многуденствие, от кого се удостоивме најсетне и великодушнато и многугодишно - ожидаема царска милост, за која сме неописиво признателни и молиме бога за благоденствието и свековечението на царството му, еднодушно и согласно като се опираме на дадени низ царски ферман и правителствените ни закони, за свободното и самостојателно општественоравенствено развитие, за какво си избрахме народна општина, која сос општински печати ополномоштјавана и задолжавана да се трудат и работит и кога ет нужда пред чесното правителство да се преставја за нас и наше лице и уста да бидит.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
В сабота, ко ќе отидеме во Прилеп, божем за да се измириме со Хаџи Ташку, планов и едно писмо, кое сега сите ние ќе го потпишеме и во кое на султанот убаво му кажуваме кои сме и што сакаме да соѕидаме, ќе му ги предадеме на Мустафа ефенди за тој преку Битола и Солун да ги препрати таму во Стамбол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Добро или лошо, право или криво, беше тоа време во кое живеевме, беа тоа букви што сме ги учеле, беа тоа книги што сме ги читале, предмети што сме ги имале, филмови што сме ги гледале, улици по кои сме чекореле.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мојата сопствена препорака е да се шифрираат (во за нас непознати кодови) сите виртуелни системи кои сме во искушение да ги интерпретираме менталистички: тие да се редуцираат на Серловите бесмислени чкртаници во нашите сопствени умови, а потоа да бидат спремни за повторно да им се влее значење во оној степен во кој покажуваат кохерентна каузална (роботичка) поврзаност со реалниот свет на објекти и состојби на нештата на кој нивните симболи можат систематски да бидат интерпретирани дека се однесуваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не дека се сомневав во нашето ново богатство, но последната ноќ со тебе ме убеди дека сето тоа дојде природно, според новиот поредок на работите, како функција на тоа кои сме и што сме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Се одрекнувам, пази сега, од Корнелија, светата апстракција на скалилата, саѓавите свеќи (под кои сме...), ангелските грбови и свенатите цветови од крстосниците.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како да се наоѓавме во земја со која сме во војна, а не во пријателска земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури и имињата на четирите министерства, преку кои сме управувани, покажуваат еден вид дрскост затоа што намерно ги извртуваат фактите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да знам што да му речам. – Кажи му само толку: дошле земскиот кмет од Мариово Димитрија Сталев и поповите што биле пред две недели кај него и си ги сакаат царските фермани што си им ги зел. Тој знае кои сме!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ако таа може да задржи насмевка по онаква бурна биографија - кои сме па ние Македонците да бидеме намќори?
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Сите сакаат овде да бидеме тоа што не сме, а ние да се плашиме да им кажеме на децата кои сме! – Со нашите чеда мораме да бидеме отворени – продолжи Татко – како и секогаш, мора сепак да им го довериме нашето минато.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ние сме луѓе со забрането, со загубено минато! – додаде Мајка. – Знаеш ли, мила моја, кои сме ние без минатото тука, на Балканот?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе ни мине животот во туѓина, велеше братот, а нема да знаеме кои сме, кои сме биле, од онаа страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И уште многу други во кои сме се сретнале и повторно сретнале, но не скршнувајќи кон некој друг одлучувачки агол на заплетот: немаше продол­жение, немаше растечка напнатост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тие се наде­ваа дека со помош на Хабловиот космички телескоп ќе го најдат она што го бараат во формата на бројните ѕвезди - црвените џуџиња, кои би биле премногу слаби за да се видат со земските инструменти; меѓутоа, кога моќниот Хабл ги пребара големите празни простори во нашата галаксија Млечен пат за коишто беше проценето дека ветуваат, наместо да откријат дека се посипани со црвени џуџиња и недостасувачка материја, покажа дека се празни како орманот на мајка Хабард или џеп во кој сте сигурни дека сте го ставиле клучот, патем начнувајќи уште една загатка: загатката на доказот дека космосот е неколку милијарди години помлад од најстарите ѕвезди во него, барем според начинот на кој сме навикнати да ги мериме нивните старости.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Затоа што часовникот отчукува. Да преминеме на работата, постојат универзуми во кои никогаш не сме се сретнале и други во кои сме се сретнале, но не сме се сретнале повторно. Тој и таа.“
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кој сме ние? Што е се ова околу нас?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Чудесното во сложениот систем на моментот – богатството на неброени осетливи нишки со кои сме впиени во универзумот.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Да речеме дека јас веќе во Алжир се „пропрпелкав“ во литературата и филозофијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е исто така и момент на потпис (на другите и себеси) со кој сме прифатиле да се запишеме во некоја заедница или во неизбришлива врска: раѓањето на субјектот, како што вие споменавте предмалку, е повеќе од „биолошко“ раѓање, но за тоа токму е потребно телото и неизбришлива ознака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Чекајте, застанете, да видиме кои сме, од каде сме и накаде одиме вака, ако воопшто одиме!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
КИРО: Кои сме ние? Кој ги прашува жабите кога ги покриваат барите?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Знаеме ние кои сме и што сме подобро од тебе. Не можеш ништо ново да ни откриеш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
АНДРЕЈА: Го знае Скопје поарно од сите нас заедно кои сме родени овде. Не. Симон е шпион.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А оние нашите, кои се испикаа по ОЗНА и по УДБА, не испикаа по списоците во кои напишаа од каде сме и кои сме, од кого сме, каде бевме и зошто бевме, ни најдоа баба и прабаба...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Над креветот во мојата соба имаше една празна полица каде што ги сместив речниците, учебниците, некои други дрангулии и се разбира фотографија од нас четворицата - мајка ми, татко ми, брат ми и ние двете девојчиња со плисирани сукњички кои сме ги фатиле за краевите и сме ги рашириле што е можно повеќе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На тој начин ја откриваме заедничката природа со целиот свет, од кој сме и самите интегрален и нераздвоив дел.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ние немаме сопствени волји, и другиот никогаш не е оној со кој сме судрени по своја волја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кракатау: За разлика од нас кои сме осудени на овие танки наполитанки.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се чудевме на тоа кои сме и од каде сме и што ќе се случи, а истовремено бевме уверени дека ништо не може да се случи.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Партијата, барем ослободувајќи нè од верата покажа кои сме и што сме!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Два начини на мислење, две искуства, два ракописа, не даваат математички збир, туку нов квалитет - тоа е она што Вилиам Бароуз го нарекува “third mind”. Bastard не е псевдоним, бастард е нужен производ на состојбата во која сме затечени, и неопходна последица од насоката кон која настаните се движеа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бидејќи, за систематично да се поткрепува културата на контрадикции, за едно отворено свртување кон феноменот на масовната култура, за константно да се испитува привилегираната позиција на интелектуалецот, и за да се поддржат демократските промени, мора да се биде изрод, бастард.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Господе боже, со кои сме се дружеле сиве овие години, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни јавуваат дека во април се одржал Дванаесеттиот пленум на грчката партија на кој сме рехабилитирани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не видоа ни кој сме, ни од кај им дојде смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кои сме, од каде сме, сѐ.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А кои сме осудени?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе им кажеме кои сме и што сме и ќе се пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Плашејќи се дека ќе станат жртва “на бесот на жандармите, кои лути како тигрови секој момент ме прашуваа кои сме и што сме“, жителите на куќата се сетиле да истакнат француско знаме за да се заштитат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)