– Кој гроф, каков Чано, мила моја, зар не си го заборавила? – рече Татко гледајќи дали се затворени прозорците и вратата. – Грофот со кој танцував на свечената вечера пред заминувањето од Италија, во 1939 година. – Остави ги, мила, тие муабети за друг пат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Оваа тајновита судбина, сосема спротивно, кога очи отвораш, станува легенда која танцува, оди без да запре, по стапките на незаборавот, како на почетокот, така и на крајот тука помеѓу, оди, без да подзастане во времето на искушението.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)