Накај Прилеп, свикаа некои кои божем го виделе како бега јавајќи на коњ, и се загнаа по Пазарџиски Пат да го достигнат; други, за секој случај, тргнаа по Голем Пат да го бараат накај Долга Чешма, а трети, кои тргнаа по Градишки Пат, го бараа низ гората и во полето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прогласувајќи го јавно своето дело за загрозено од една организација раководена од „багабонти“, тие кругови всушност биле сериозно загрижени за самостојниот пат по кој тргнала Организацијата, кој неминовно водел и кон самостојност на Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Марија многупати се прашуваше - како можело, макар и дел од тој народ, германскиот, кој тргнал по патот на фашизмот да носи во себе нешто толку ѕверско.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Ех, во бабините кажувања волчицата ги бранела волчињата - чедата свои - од човекот - ѕвер, ловџијата кој тргнал да ги убие.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Кој тргнал ќе се врати - ако му се отворени патишата!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ете, да објаснам: тоа беше тој неизречен шепот што ми го донесе светлосниот бран за да ме разведри.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури откако мојот спроводник повторно реферираше, но овој пат погласно, дека го привел затвореникот, иследникот бавно се сврти.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Со какви грижи се соочуваат несреќниците задолжени да им создаваат потешкотии и грижи на недолжните луѓе кои тргнале да откријат или да наѕрат барем од далеку во некој малечок дел од своето минатото?“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дојде до постелата и се заврте кон жените, кои тргнаа по него во две редици, па им заповеда: – Ајде сега, слободни сте.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Тие кои тргнаа за да бидат спасени, се витосаа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
„Од тоа што ми го прочита точно е само она ‘стар психоаналитичар’.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потајно насетувам дека бесот, со кој тргнал кон Виена, е всушност насочен кон тамошниот стар психоаналитичар: бидејќи тој е неговиот вистински и главен непријател, философ кој ја раскринкува неврозата, голем разбивач на заблудите, некој кој знае што е што и добро ја познава изворната генијалност.’“ Потоа го остави написот на масата, и рече: „Со колку суптилна иронија Ман го напишал ова!“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)