ЈАС ова така го доживувам, и жестоко ќе се борам за секоја нијанса на мојата слобода, а камоли, проклети ТВ стаорчишта, да се наоѓам на пола пат со вашите ступидни теми што ви ги наметнуваат кретенските полит-новинари, тнр. информбироовци кои хараат по бедните мозоци на макетонските поданици.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Слободата на движење од полноќ до сабајле скоро секогаш беше нарушувана од џандари у цивил кои хараа по скотските улици, но никогаш немаа мадиња да навлезат во пограничните скотски села каде наголемо се продаваа сите видови дрога.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)