Таму, во Париз, понекогаш го вртам албумот со фотографиите од детство: тие куќички, дворови, сокаци, врамени едни крај други ме потсеќаат само на прочитаните описи на еснафските квартови во определен тип романи за кои чувствувам извесна приврзаност.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сепак таа беше сестра на Томо, а тој по смртта на татко му беше единствен кој чувствуваше обврска да се грижи за нејзиното здравје.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Фактички, тие не се чувствуваат повеќе ограничени, или во таа смисла помогнати, од психологијата ( или неврологијата) отколку што се инженерите кои чувствуваат потреба да направат калкулатори кои делат броеви на ист начин како што го прават тоа луѓето.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Се чуствувам повеќекратно исцрпен. Во сржта на моето тело тлее еден очај од кој чуствувам како одвнатре се топам и истечувам, дотрајувајќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А колку помалку машката хомосексуална желба се пројавува на таков агресивен, фалусен начин, толку поповрзана ќе изгледа со некоја женствена родова улога.
Ова значи дека родот и сексуалноста се строго поврзани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сексуалната желба за полово конкретен вид објект е израз и на сексуален субјективитет и белег на родов идентитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Маж кој чувствува хомосексуална желба нужно се става во положбата на сексуален субјект и во општествената улога на жена, сигурно според перцепциите што другите ги имаат за него и – барем на некое ниво или до одреден степен – според неговата сопствена перцепција за самиот себеси.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истовремено, повеќето такви мажи си ги задржуваат општествениот статус и чувството на субјективна овластеност што им припаѓаат на сосема полноправните мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Има ли злодело што застарува? Има ли некој кој чувствува грижа на совеста?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Нив ги измачува, ги боли таа празнина, тие очајнички сакаат таа празнина да ја исполнат, ама и ужасно се плашат од стварноста која може да ја исполни празнината, затоа што стварноста ја доживуваат како стравична закана, како нешто што ќе го поништи нивното празно Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, има луѓе на кои нивното чувство или мисла им бега и се вселува во некој друг, во нешто друго; или можеби, некогаш одамна, научиле дека помалку ќе боли доколку дел од своето Јас, оној дел кој чувствува нешто, се префрли во нешто друго, наместо да остане во нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Една девојка, додека се обидува да заспие, го слуша ветерот, и ѝ се чини дека тој, а не нешто длабоко во неа, цвили, и помислува – “Колку тажно, колку болно цвили ветерот”, го слуша ветерот и останува глува за својот внатрешен цвилеж, не погледнува што е тоа што цвили во неа, затоа што некогаш таа вслушаност во сопственото цвилење болела како нешто да откорнуваат од неа, и затоа сега го слуша ветерот, слуша како ветерот цвили од болка. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но има луѓе кои чувствуваат дека се празни, а тоа не е празнина што може да се исполни со нешто; тие се чувствуваат празни како во нив да има пустош, пустош во која ништо не може да се насели.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На грижите местото им е кај помладите. Оној кој чувствува потреба да го освојува светот, да ги решава неговите проблеми, да ги совладува искуствата на напредокот - нему и грижите!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)