Која болка боли помалку од твојата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таа се подскриваше под превезот на шегата, зашто тоа никому не носеше зло, никому не му наштетуваше, а така најлесно може да опстане, во услови во кои болката вирееше до суровост, до границите на свирепоста на и потаму од тоа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа спиеше во налети како во бура, паѓајќи во плиток сон, од кој болката ја разбудуваше со своето упорно барање да биде будна, за да учествува и таа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)