Еден жолт зрак од сонцето на залез падна врз подножјето на креветот и го осветли каминот, во кој водата во чанчето живо вриеше.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не знам каде ќе запрат јагулите во која вода ќе истече нивното минато Но тие ја знаат патеката на својот сон ја имаат упорноста што ќе им го покаже патот на враќањето.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
„Која вода?“, прашав јас. „Дарванската“, рече некој од групата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Точно беше ја измерил Никола длабочината и правецот и тие веќе за десетина дена ги изнесоа парчињата од ќунците и удрија на калдрмисаниот ѓериз доволно широк да може човек помешечка да се провлече стотина метра надолу.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Направи пауза отец Иларион и продолжи: - Душата е корен во човекот; како што од коренот на дрвото се храни стеблото, гранките, лисјата, плодовите - така од неа се храни телото, видот, слухот, говорот, волјата, свеста и сè што човекот има; таа е извор од каде сѐ почнува и сѐ враќа; огледало севидливо; владател и роб; таа е целина како сонцето; сеопшта суштина; сила што обновува како соковите што го обновуваат сувото стебло давајќи му нови израстоци; таа е бунар во кој водата е матна или бистра, мирна или замрешкана; светлост затворена во пештера од крв и месо; зрачи, или потемнува; пламен и пепел; камен гранитен или прашинка; оган кој дур е под контрола е благодет, а потоа пустошник; какво тело носи, таков лик има; со менување на телото, и ликот си го менува; по неа се чита и открива човекот; често е читлива, а често загадочна; некогаш ти допушта да ѝ се вдлабиш и да ја видиш, а некогаш за миг ќе те заслепи како поглед во сонце; некогаш е живо железо што тече, поток без форма; кораб на отворено море; пространство огромно, но и теснец затворен во тајните свои; нѐ држи цврсто како градба, верно нѐ придружува, но не знаеш во кој миг ќе нѐ изневери...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Толку многу сакам што и јас станувам златна ластовичка која лета долж црните реки. И види чудо: ако летам долж реките, под мене нема ни вода ни корита по кои водата би течела.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)