Ме следеа и чекаа - бесмислица! - да ме стапнат со атентаторска бомба в пазуви, со тајни материјали од онаа букурешка седница на која беше донесена Резолуцијата, со докази поради кои главата, сама од себе, ти паѓа пред нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Партискиот секретар на градот не спиеше по цели ноќи, откако се населија козите во градот, размислуваше, сакаше да открие од која глава е дојдена директивата за уништување на козите – од градот, републиката, федерацијата или од братската социјалистичка заедница.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ме следеа и чекаа - бесмислица! - да ме стапнат со атентаторска бомба в пазуви, со тајни материјали од онаа букурешка седница на која беше донесена Резолуцијата, со докази заради кои главата, самата од себе, ти паѓа пред нозе.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)