Скоро сите со кои дедо и баба и мајка се молеа пред домашната икона...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Тој ме погали по коса и откако испушти едно два- три чада, чукна со прст на маслосаната исчадена книга: - А оваа книга, мило, е стара и сам не знам од кој дедовци е донесена дома.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нозете, заради кои дедо Васја пред смртта не можеше да стане - сега воопшто не го болеа, тој дури и седеше слободно.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Јенисеј е исто голема река, кхм-кхм...
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Потстанав. Го сонував одново истиот сон во кој дедо ми заминува во багажникот на модерен автомобил, налактен на шареникаво ќебе, во удобен дрвен ковчег од кој ми мафта како пред интересно и важно патување.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ете, затоа не треба да им се лутиме на нашите театарџии кога ќе одлучат да не прават претстави во кои Дедо Мраз ги исполнува сите желби.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Требаше да се смете внатре во колибата, да се средат расфрланите работи, да се донесе вода, да се измијат паниците, лажиците, требаше да се истресат и чергите, кои дедо му од есента сигурно не ги имаше изнесено надвор.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
По дрвени клинови, по шајки исковани по штиците и диреците, висеа везеници црвен пипер, лук, кромид, врзопки од некакви суви, лековити треви од кои дедо му си вареше чаеви.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Оваа просторија, заради лековитите треви, за кои дедо му водеше посебна грижа, Бојан ја викаше „Дедовата аптека“.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Старецот заборавил на едно борово каченце запалена борина, се запалило сувото каченце, од него се запалил сноп жржаница исправена до ѕидот и вивнал пожар во кој дедо Иван нашол толку време колку да ја извлече пушката, две три черги и вреќичето со компири.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Дедо Иван! Кој дедо Иван? - Старецот што живее во колибата зад Гола Глава.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Па така многу поранешни ниви, на кои дедо Димо сееше жито, беа претворени во сливарници.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Додуша подвојувањето не било само верско. На Закинтос од венецијански времиња многу повидна била поделбата помеѓу аристократијата и „пополарите”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тие ѕидини, на кои дедо му живо се сеќаваше, беа битни делови на историската хроника на градот, а со тоа и на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ми раскажуваше за улицата и музичкото училште што го носат името на брат му Јордан Михајловски - Оцка, селото Варош каде што живеат неговите братучеди, Могилата на непобедените, и уште за многу интересни нешта, за кои дедо ми рече дека е страмота да не ги запознаам и дека морам да бидам горд што носам потекло од таков град и од таква фамилија како таа, неговата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Оти ноќе, старите полицајци (така ги викам) иако дедо ми се лути и вели дека е поправнилно да ги нарекувам Удбаши, според името УДБА што е кратенка за некогашната Управа на државна безбедност каде што работеле по војната), раскажува необични случки, потсетувајќи се на своите млади години, разгледуваат стари фотографии на кои дедо ми беше облечен во кожен мантил, имаше многу густи и црни мустаќи и изгледаше необично строго.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потоа ја одравме кожата на мечката, ја наполнивме торбата со парчиња месо од плешките, шепите и срцето, за кои дедо рече дека се многу вкусни, и тргнавме назад кон Бегова Чешма.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)