кој (зам.) - историја (имн.)

Голем број луѓе ќе создаваат идни уметнички дела, а тие ќе одат во повеќе правци за кои историјата нема ништо забележано.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како што е познато, Борхес го напишал еден од своите први важни есеи за Уликс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што секој ден, секој час, морам да донесувам значајни одлуки кои историјата ги наметнува, на кои не чека и кои не ги простува. Знаеш ти каков е тој притисок?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Дерида во Борхес и Џојс ги споил двете клучни фигури на модерната литература, кои историјата сепак веќе ги споила.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако послуша, виде што е разговорот и, како сам за себе, извикнувачки рече: „Е-ху-хааа... Со која историја сте се нафатиле вие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)