По одмаздата од која настрада синот на инспекторот, по тој настан од кој крвта ми стана волча а лицето темно, сината маштеа ѝ забрани на Ана да разговара со мене и да ми носи книги но не бев сигурен дека на Ана не ѝ е тешко нашето оттуѓување.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)