Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Замислете ако Ели чинијчето со јадењето ми го превртеше на светнатиот чист паркет, кој мама со таква грижа го правеше лимонов и сјајен!
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се будев во собата во која спиев со моите четири сестри, внимателно станував од креветот кој го делев со Паулина, и потоа на прсти се приближував до прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Морам да кажам додека тие разговараа за моето поведение во училиштето, јас нечујно се вовлеков во собата, се стуткав во ќошот во кој мама по обичај ја остава метлата и ги слушав внимателно.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)