кој (зам.) - мајка (имн.)

Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Местото што му се отстапува во романот на иронијата, како и на смирениот крај (читај­те го рецептот за питата „тикуш” која мајката му ја приготвува на истоштениот повратник), можеби, на прв поглед не се упатни за такви цитати.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Штотуку го отвори учебникот, сѐ уште педантно завиткан со украсната хартија, со која мајка му имаше обичај да ги завиткува неговите книги, почувствува туѓо присуство зад неговата глава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Прозорецот е од другата страна на детската соба во која мајка ни ги помина последните години од животот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секоја година има се помалаку цреши, ама се се повкусни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А згора на се, постојат и такви поединости во кои мајката никогаш не греши.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема потреба да се стравува дека може да задоцни на целта?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А при тие полевања, како и при првата средба на портата, кога ми го доведе момчето Боге од Бањи, беа приликата кога заустував да проговорам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Мило, се плашам дека сѐ повеќе наликувам на кучкана на Кавракови што најмалку два-три пати годишно наидуваше по каменливата патека а знаев дека не доаѓа по сув краешник. Не ја водеше гладта“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби и затоа без да размислувам забележав: -Веројатно и ти Иване претпоставуваш, иако е грубо тоа јавно да се констатира, дека сите станици низ кои мајка ти требало да помине останаа веќе зад неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не туку-така секое утро настојував да се најдам покрај бунарот за да можам да му полевам на момчето да се исплиска со студената вода.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како во моментите кога за првпат ги наслушнував оние нејасни приказни со кои мајка ми се обидуваше да ја искаже осаменоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најинтересно беше тоа што низ целиот стан по огледалата и вратите имаше со селотејп изналепени ливчиња на кои мајка ми пишувала упатства за сестра си Ана, за да може полесно да се снаоѓа со нас и со нашиот дом.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога се вратив, во нашата стара куќа во која Мајка си ја беше вгнездила осамата во залезните години на животот, со насолзени очи, по неколку дена ми рече: - Сине, Бог даде да се вратите живи и здрави од туѓина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Која мајка?“ „Мојата мајка. Таа е овде, во својата соба, број 22.“
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Последните две деца и не паметат од која мајка се родени.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таму имаше и книги за јагулите поради кои мајка ти стравуваше да не ти се поматил умот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што бара? Сопчето, сопчето, ако не е издадено! Не, не за себе, не за да живее во него!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А потоа пак се запали светлото над тажната трпеза на која еден татко, зашеметен од болка, ги набљудуваше вомјазените лица на трите деца коишто не се осмелуваа да погледнат накај вратата низ која мајката влегуваше секоја вечер, носејќи чинија што испарува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Посакувавме новиот ветер на слободата, на отворањето на земјата, силно да дувне, да го понесе нашето писмо на некој облак, да го земе некаков добар ангел, да го однесе во Италија, во земјата во која Мајка некогаш беше среќна и да го предаде во стоковната куќа на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Двајцата постари браќа, тогаш на прагот од своите детства, се сеќаваа на настанот, но не ги знаеја овие подробности за кои Мајка, по многу, многу години ни раскажуваше, небаре сакајќи да се ослободи од некаков товар, длабоко во себе, со години потискан.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И не случајно, во овој чудесен предел крај реката, каде што си свивме ново гнездо, во очекување на новите историски настани, особено по Втората светска војна чиј крај се навестуваше, Татко се задлабочи во проучувањето на миграторните процеси на птиците и на јагулите запаѓајќи во нова илузија во која Мајка гледаше пориви за оддалечување од родната земја, а не враќање во неа, како што се надеваше постојано.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беа мигови на нова катарза кои Мајка сигурно ќе ги означеше со нејзината пословична синтеза: (Албанија, педа земја, го крена светот на нозе!) Shqipëria një pëllëmbë e ngriti botën në këmbë!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко сега малку го смени тонот, излегуваше од милозвучниот круг на љубовта која Мајка веќе си ја чувствуваше триејќи си го, на десната рака, венчалниот прстен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)