Возвишеното одушевување за коешто сведочи таа слика воопшто не губи ништо со фактот дека ние сега знаеме на кој начин тие настани биле манипулирани (во крајна линија, тие имаа врска со ударот на тајната комунистичка по лиција, Секуритате, против самата себе, против својот сопствен означител; т.е. стариот апарат пре живеа менувајќи ја својата симболичка облека): за нас како и за најголемиот дел од учесниците, сето тоа стана видливо дури накнадно, но она навистина важно во тоа е што масите во Букурешт ја „доживуваа“ таа ситуација „отворена“, дека учествуваа во единствена меѓусостојба на премин од еден дискурс (на општествени врски) во друг, кога за еден краток, минлив час, стана видлива празнината во големиот Друг, во симболичкиот поредок.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Никој од нив отворено не го поставува прашањето за недостапните книги, ниту на било кој начин јавно го артикулира проблемот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Денес не мислам дека на било кој начин ѝ припаѓам, ниту имам какви било планови со неа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но, сега доаѓа најважното за сите: каков ќе е ударот и на кој начин ќе се здроби непријателот, а и луѓето живи да се спасат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Долго размислував кој ден и на кој начин да го сторам ова што го правам сега.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Поучуваше Гаудама Буда: Само кога би смогнал, сеедно на кој начин, да ја искусам силата - да се втројам и размножам себеси во еден и единствен - ќе можам да кажам дека светот не е она што му се открива на окото туку само она кое се чувствува и не збиднува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И навистина, уште истото лето од секое село беа одредени по два тројца луѓе и отидоа в поле, на жетва, со аргатите по разни турски чифлизи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Преку Вепрчани и Гудјаково Толе прејде преку Црна уште истата вечер, и веќе се советуваше со Риза Ушков во Врпско на кој начин да се набави што повеќе оружје.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За него е важно при работата на било кој, а особено на станбен објект, да бидат вклучени сите оние кои на било кој начин се поврзани со тој објект, а тоа, исто така, освен архитектите, се и инжинерите, работниците, мајсторите од разни профили и на крај, но не и помалку важни, самите идни станари.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
И воопшто, на кој начин ве допре војната во нашата бивша држава?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И воопшто, на кој начин да се поттикнуваат такви претежно скапи уметнички проекти за оваа од гаќи истресена држава?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На кој начин врз вас влијаеа нашата национална држава - државотворноста е страст што нѐ тресе! - и како тие влијанија ги помирувате со оние поглобалните?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Уште 1953-та Ф. К. Говард и М. Г. Н. Хајн од Европската лабораторија за физика на честиците (CERN) во Женева користеа компјутер во Националната физичка лабораторија во Лондон, за да покажат на кој начин движењето на честиците може да се промени од правилно во хаотично.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Рекламите не смеат да бидат насочени кон младите луѓе или на било кој начин да бидат поврзани со успешноста, женственоста, или сексуалната потенција.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од друга страна, заинтересирани се да разберат на кој начин дрогата влијае на репродуктивните способности, дали ги усовршуваат или осиромашуваат.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ти си единствената на која сум упатен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Стојно мори Стојне“, и реков „тебе животот навистина ти пресудил да донесуваш лоши проценки и да правиш погрешни чекори.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А да знаеш, уште пред да се случи настанот, писмото веќе било предадено на секретарот Домазетовски а потоа не знам на кој начин тој и го беше вратил, или искинал, или намерно загубил, бидејќи преку ноќ, иако и секретаријатот го беше прочитал, писмото го снема, при што, ценам, слична услуга со убава ноќ, каква што мене ми беше пружена, веројатно Стојна му подарила и на секретарот Домазетовски.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Мислам дека е време да ме упатиш на кој начин ќе дружиме понатаму.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
За жал узнав дека и татко ми бил мртов. Го убиле!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А истиот тој разум отворено ми шепотеше дека љубовта може да попричека.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Боге од Бањи се обиде да ми објасни како се случило тоа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Не се сеќавам на кој начин но бев успеал да се уверам себе си дека разумот е единствената вистина што може да не води низ опасните патеки на војната.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали некој друг има учество во тоа, на кој начин?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во кој контекст сметаат дека овој начин е вообичаен, и кој начин на размислување ги поткрепува?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Откако ја изеде својата порција шпагети со сос од патлиџани, грашок и шампињони, од салветата што му беше приложена до чинијата направи десетина мали топки и со некаков ластик кој на кој знае кој начин се најде во близината, се обиде да го гаѓа својот пријател сликар, на што овој се навреди и побегна.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Како се подготвила за ова постигнување? • Дали би сакале да ми ги објасните околностите во кои се случуваат промените во животот на вашиот син?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Како биле запознаени со овие техники на комуницирање, и кои ситуации за првпат ги довеле до примена на тие техники?
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ова често е проследено со истражување на тоа на кој начин индивидуата била вовлечена во тој начин на доживување на работите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сепак, пред да заноќи се случи нешто чудно.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Така, индивидуите се okno.mk | Margina #4-5 [1994] 47 повикани да го скицираат влијанието што тие “погледи” или перцепции го имаат врз нивните животи, вклучувајќи ги тука и нивните интеракции со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во случајот со сопранската арија има да се додаде уште понешто, неколку дополнителни размисли што можеби ќе помогнат да се објасни зошто шефовите на државите обично не упатуваат на Ritorna vincitor! кога си ги испраќаат репрезентациите на олимписките игри и кога на стадионите навиваат за нив (макар што победославниот војнички марш од Аида навистина се пушта, па дури и се пее, на европските фудбалски натпревари).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа покажува дека културните разлики понеизразито се искажуваат преку демографските варијации во работите од доменот на склоноста и на вкусот отколку преку разминувањата во забележливите дискурзивни практики – преку прагматиката на дискурсот (на кој начин луѓето меѓусебно општат во конкретни општествени ситуации) и, поконкретно, преку прагматиката на жанрот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И сакав да укажам колку една анализа на машките геј-културни практики може да создаде ненормализирачки, непсихолошки и непсихоаналитички приказ на машкиот геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Треба од поблиску да разгледаме на кој начин функционира во машката геј-култура оној заменски идентитет, женственоста – треба попродлабочено да сфатиме што е машката геј-женственост и за што служи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да бегаме од злодухот на машката геј-родова девијантност, наместо да се срамиме од неа, наместо да ја дочекуваме со тврдоглава и тапа тишина или со одрекување, наместо да ја протеруваме во новоизградениот плакар на хомосексуалноста, треба да продолжиме – во духот на беспредрасудно и беспанично испитување – да го испитуваме значењето на машката геј-женственост, без страв дека секое нејзино разгледување нужно ќе нѐ врати на хомофобичните клишеа за нашата психопатологија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кој е машкиот геј-повик во исказот Ritorna vincitor!?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На кој начин е таа комбинација од гламурозност и абјектност поврзана со нарушувањето на жанровските граници помеѓу трагедијата и комедијата кое ѝ е особено на машката геј-култура, конкретно со практиката да се смееш на ситуации што се ужасни и трагични?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веќе знаеме на кој начин спортовите се општествено обележани како мажествени, додека изведбените уметности се општествено обележани како женствени: сето тоа има врска со конкретната општествена кодираност на постапувањето наспроти настапувањето, на борбата наспроти изведбата, на активноста без сценарио наспроти активноста според сценарио, акцијата наспроти играњето улоги – и, поконкретно, со конвенционалните, поларизирани родови вредности и значења што им се припишуваат на тие дихотомии според една строга, бинарна опозиција меѓу мажественоста и женственоста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одговорот нѐ води настрана од класните асоцијации на операта и чекор поблизу до сознанието како стилот на извиков е кодиран за род и сексуалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сега е време истражувањево да го прошириме (веќе нема да ги ставам напорнине наводници на зборот женственост, но под женственост, бидејќи поимот се однесува на геј-мажи, и понатаму ќе ги подразбирам не својствата и одликите на жените, туку нестандардното обликување на родот и на сексуалноста што ѝ е особено на машката геј-култура).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сепак, било премногу доцна – Џон Лок веќе изјавувал дека дури и религијата мора да биде рационална, а Томас Хобс го толкувал лудилото како грешка во мислењето предизвикано од дефект во телесниот механизам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На Универзитетот во Јена на крајот од седумнаесеттиот век професорот по медицина Ернст Фридрих Ведел им објаснувал на своите студенти на кои начини ѓаволот се манифестира кај луѓето преку лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
На кој начин, со што, како, само јас знам, зашто кај мене е од природата знакот да укажувам и објаснувам“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги делев новинарските статии во кои беа наброени имиња на авторите кои со своите дела (не знам на кој начин) „ќе ја откријат душата на народот... ќе ја оформат свеста за тоа кој сме ние како народ“ (цитат од говорот на Старделов на промоцијата на првите десет тома).
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Нобеловецот дава пример преку кој можеме да заклучиме дека „се зависи од тоа на кој начин ќе ја вреднуваме човековата исполнетост, потрагата по среќата, отстранувањето на сиромаштијата и правото на уживање во плодовите на својата работа“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Легендата дека сум болникаво, слабичко момче, коешто не може да учи, растеше и се зацврснуваше, а јас самиот најмногу придонесував во тоа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Поетот е, значи, трансцендентален лекар”. Arcimboldo1 arcimboldo okno.mk 245 МЕТАФОРА НА БОГ Во овој епилог не можеме да ги избегнеме одговорите на две прашања што многумина читатели ионака често ги поставувале.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Мојот татко, бидувајќи трговец по професија, не ми обрнуваше никакво внимание, постојано зафатен со грижи и со планови: на кој начин и што поскоро да осиромаши?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Прво: на кој начин на маниристите им се укажува апсолутното доколку е божество и дали овој таинствен хиероглиф, кога во маниризмот настапува “деформиран” или “конструиран” или дури “апстрактен”, во некоја изворна смисла е религиски легитимен или не е?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А значајното лице, задоволно од тоа што ефектот го надмина дури и очекувањето, и сосема занесен од мислата дека неговиот збор може да предизвика несвестица, крадешкум го погледна пријателот за да дознае на кој начин го гледа тоа, и задоволно виде дека неговиот пријател се наоѓа во најнеодредена состојба на духот и дека и самиот од своја страна почнува да чувствува страв.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И така, ете на кој начин се случило сето тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Да“, рече Дипен; „и кога го прашав момчето на кој начин го постигнува тоа целосно идентификување, во што и се состоеше неговиот успех, го добив следниов одговор: ’кога сакам да погодам колку е некој мудар, колку е глупав, или колку е добар или лош, или пак што мисли во даден миг, го сообразувам изразот на лицето што е можно поверно со изразот на неговото лице и тогаш очекувам какви мисли или чувства ќе ми се родат во главата и срцето, слични или соодветни на тој израз.’
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не си ги чувствуваше ни рацете ни нозете.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Би можеле... да сторите нешто повеќе, ми се чини, а?“ „Како? На кој начин?“
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Веќе од самото име се гледа дека тоа некогаш потекнало од чевел; но кога, во кое време и на кој начин потекнало од чевел, од сето тоа не се знае ништо.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Да го разгледаме примерот на калкулаторот, иако дизајнерите се слободни да го имплементираат делењето на било кој начин кој нив ќе им одговара, тоа што го направиле сѐ уште е делење.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Иако можеме со една јазично-стилска анализа да проникнеме во феноменот на создавањето на тој свет, сепак, се чини, никогаш докрај нема да осознаеме, како тој ни се наметнува, како ни се налага и на кој начин проникнува во нашата свест и во нашите емоции.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Рамнодушна кон судбината, и по физичкото истурање врз сето она што на било кој начин го скицираше насоченото живеење, го чувствував сè позасилено трескавичниот копнеж: да се отклучи скриената порака на мрачните лавиринти на потсвеста.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Го оставив мајкиното писмо. Тивката и ненаметлива Мајка не бараше да одговорам.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Навистина, никогаш не бараше одговор, ниту го сугерираше на било кој начин. Оставаше на мојата совест!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога стигнавме во Гњилане уште не беа погребани сите луѓе.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се воделе улични борби, мештаните ни раскажуваа на кој начин балистете ја разбиле нашата бригада.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Јас, всушност, почнав да размислувам за привлечноста на неговите писма и за тоа што насекаде зборувал на кој начин би ме земал.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Шефот го знаеше тоа, но не веруваше во искреноста на Ниротакис за тоа на кој начин да се бара решение.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја разбирав вознемиреноста на Ема која не можеше да си објасни на кој начин во домот на госпоѓа Мариела се нашол Практикумот за борба против трговија со луѓе и нелегалната миграција кој во официјалните документи е заведен под строго доверливо и, како материјал за интерна употреба, во никој случај не смее да излезе надвор од службените простории.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Потоа со двете раце ја растегна книгата, готов да ја распартали, па го свитка коленото, го положи долниот дел од десната нога на креветот, се надвисна над една од страниците и почна да чита: “Веќе подолго време се подготвувам да пишувам за тоа на кој начин ми недостигаат слободата и нормалниот живот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Правеше и план како тоа да го стори, кој начин да го одбере: да му влезе ноќе дома и додека спие да го убие. Но како да влезе?
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Новите telescreen технологии ќе создадат телекомуникациски врски за податоци, за да понудат пристап до информациските складишта односно до сајберсветот. И на кој начин можеме да го споредиме компјутерот со психоделиката?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Како што се редат матушките Така си се редат и соновите Се до оној помалиот од најсекавичниот сон Кој ги разбрал матушките Лесно ќе разбере и зошто немаат крај источните сонови И на кој начин се одржува нивната историска свежина
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Беше, значи, голема заслуга на Хегел што ги откри тие закони, со помошта на кои може да се знае „како, во кои услови и на кој начин две спротивни ствари стануваат идентични, се развиваат и меѓусебно се обусловуваат“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Тоа да го знаеме, но не веќе апстрактно, не само во чисти категории, поими, идеи, туку во поими што се одраз на една материјална реалност, што се одразени идејни слики на светот и општеството, значи да откриеме како и на кој начин можеме и мораме да станеме „субјективни“ делови на објективната стварност, реални фактори во појавите, општеството, политиката, науката, идеологијата, уметноста итн.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Оваа придушеност упатуваше на кој начин треба да се гледа на апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Прогнозата е исклучително мрачна, но тој ги одби херојските обиди, определувајќи се за палијативи додека разгледува на кој начин да ја докрајчи својата приказна пред да стане неподносливо болна или/и недостоинствена.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А јас за жал не знаев на кој начин се врши таквото испитување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А одамна веќе знаев дека стрвоста што наеднаш ќе ја обземеше не водеше сметка каде и на кој начин ќе ја изрази својата жед. Ја потсетив каде се наоѓаме.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дури најдов за потребно два-три пати да потчукнам со железцата на петите по калдрмата на Стара чаршија.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Вообразувањето или болката што ја предизвика исчезнувањето на Загорка Пеперутката ме наведе да ја споредувам со исчезнувањето на братучедот бидејќи и за нејзиното исчезнување не сме сигурни на кој начин и дали воопшто се случило.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Паметам оти долго заспивав со опипливото чувство дека во рацете носам нешто надежно што може да ги размрси проблемите поврзани со нејзиното летање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Стихувај ме тихо, велиш ти
од другата страна на заменките
глаголите се ту повратни, ту неповратни
бирај со кого и на кој начин
ги сложуваш времињата
и ги менуваш (за една ноќ)
именките и придавките, по род и по број.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
На кој начин во Аловото цвеќенце
грдиот ѕвер станува убав младич?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Парите ќе ги најдам, во прашање е само време, а тоа што останува е да смислам на кој начин ќе ги шармирам спонзорите.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Интервјуто со овој автор го водеше редакцијата на американското списание „Telos“ во Лидс, Англија, во јуни 1992. година.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Одеднаш, секој од овие аспекти има свој сопствен простор, а на кој начин тие сега доаѓаат во интеракција тоа допрва треба да го осознаеме. превод: Г.Н. Ом
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Воедно треба да најдам некого кој успешно ќе го промовира мојот проект.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
На кој начин втасуваат до него зборовите што му ги испраќаат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Белки може тоа огледало да послужи и за нешто поутешно а и попрактично: да се пронајдат например себеси откако ќе се загубат!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или и во таквиот вид на дружење се замешани прстите на сонот, кој, тоа барем на сите ни е познато, може да прескокне секоја граница и да совлада секаква пречка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Или колку брзо и на кои начини стареат?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Токму оваа изложба помогна да бидат откриени многу техники и уметници. Од многубројните активности на Швитерс (колажи, типографии, поезија и литература, “work in progress”-от од MERZBAU), која ви е најблиска?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На кој начин тој е сѐ уште актуелен во уметноста на 90-тите?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Очигледно е дека овде постојат општи теми кои заслужуваат внимание; сепак, сега немам намера да расправам за нив.1 Мојата цел е да проценам (или барем да започнам со тоа) на кој начин еден современ философ се вклопува во оваа схема: Дерида.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Бојс начна фундаментални прашања во врска со современата политичка и економска реалност: тој го изрази неговото револуционерно мислење за трудот, економијата, индивидуалноста, креативноста како социо-економска револуција, и исто така размислувања за екологијата и мултикултурализмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така на пример, Кант за не(среќа) вели дека за нештата по себе не може да се зборува, на тој начин зборувајќи за нив; или Витгенштајн од Tractatus-от објаснува извесни факти за структурата на јазикот, светот И врската помеѓу нив, со поента дека таквите факти не можат да се изразат.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа е попрво затоа што за неа не постои воопшто никакво име, дури ни името суштина или битие, дури ни différance, што не е име, што не е чиста номинална единица, што без престан се дислоцира себеси во еден ланец од разликувачки И разликувачки супституции.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Според тоа, самата таа е зад изразот: таа не може да биде опишана на било кој начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога Бојс беше во Италија, на пример, тој ја сфати важноста на ситниот бизнис.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но кога велам дека Швитерс е егземпларен уметник за другите уметници, тоа е затоа што тој им е далеку попознат на специјалистите отколку на широката публика.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој смета дека кога не би постоеле некои зборови што го имаат добиено значењето по директен пат, непосредувани со други зборови, тогаш тврдењата не би имале одредена смисла.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Проблемот што го имам на ум зависи од следниов факт. Différance, според Дерида, е структурата што предизвикува значење; таа е предуслов за какво И да е значење воопшто.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но неговата егземпларност повеќе важи за другите уметници отколку за широката публика. 202 Margina #11-12 [1994] | okno.mk На кој начин Швитерс е пример за другите уметници? Уметничкото дело може да предложи оригинални решенија кадри да мотивираат, да нахранат други визии и креации, и тоа најочигледно важи за универзалните уметници какви што се Пикасо и Матис.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Идн, како искусен политичар, бил наполно свесен дека на Балканот е "неизбежно да има директен судир на интересите", а во "догледно време и конфликт" во однос на нивното разграничување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, тој побарал експертите во Форин офис да се изјаснат дали таквата советска политика "би можело да има влијание врз нашата политика и врз нашите воени планови во подоцнежните фази од војната и, доколку има, на кој начин тоа би се случило".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Работејќи на ова редефинирање на преведувањето во својот есеј од 1985 година “Des Tours de Babel” (“Вавилонските кули”), Дерида го усвојува Бенјаминовиот концепт на Überleben, “преживувањето” на јазикот, за да објасни на кој начин преводот го модификува или надополнува оригиналот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Еве на кој начин самиот Шатев го поврзува и го објаснува местото на Делчев во гемиџиската акција: “Тој (Гоце) наполно го усвои, го поддржуваше и одобруваше таквиот вид на борба (диверзии - динамитни акции), зашто беше против едно предвремено општо востание кое при тогашната општоевропска и општобалканска положба, освен што немаше да даде некои позитивни резултати, напротив, ќе ја растроеше уште повеќе ВМРО, без дури да се предизвика каква и да е интервенција од страна на големите сили.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
4. Комитетот ги смета како непријатели не само турските власти, но и сите оние лица што на било кој начин му пречат на неговите работи и посредно или непосредно му нанесуваат штета на народот и на неговото ослободително дело;
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„... Постепено кај нас - пишува Т. Органџиев - се зароди мислата да започнеме револуционерна борба, но не знаевме на кој начин.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Таа мене: - Бреза, не можев да ти се јавам порано, многу работа имавме околу сместувањето...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Најпрво ќе ти каже дали кај таа девојка имаш шанси или не, а потоа ќе ти објасни на кој начин да постапиш.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Како и би ме чул кога не знам на кој начин да го довикнам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Лесно е кога сум дома сама и силно мислам на него.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ти, Бреза, малку да не се зафркаваш со мене?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога се јави Ивана, иако знаев на кој начин треба да разговараме, од што бев радосна што ја слушам и од што двете бевме нестрпливи што повеќе да си кажеме за што пократко време, одвај се разбравме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)