7 Во декември 2010, Врховниот суд (во совет составен од судиите: С. Алиу – претседател, К. Здравев, В. Атанасов, д-р М. Ристова и С. Трајчовска – членови на советот), одлучувајќи по ревизијата на Ѓорѓиевски, донесе пресуда во трет и последен степен, со која ревизијата беше усвоена, а пресудите на првостепениот и второстепениот суд, преиначени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како последица на ова, Ѓорѓиевски ги плаќа првостепените наведени парнични трошоци, како и трошоците за поднесување на жалбата пред Апелациониот суд, во дополнителен износ од 8.250 МКД, но веднаш потоа покренува постапка за ревизија, како вонреден правен лек, против второстепената, веќе правосилна пресуда на Апелациониот суд – Битола, пред Врховниот суд на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)