Тие што го прочитале романот „Сликата на Доријан Греј“ од Оскар Вајлд, сигурно ќе се сетат на големата љубов на Греј - Сибил Вејн, актерката во еден од лондонските театари на кој репертоарот му го чинат само Шекспировите дела.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Му кажуваше за акупунктурата како необјаснет феномен бидејќи се базира врз анатомија што на медицината уште не ѝ е позната, за тоа како некој руски парапсихолог успеал да ја сними аурата на лист од дрво, додека некој човек околу себе шири аура којашто е во повеќе бои, во зависност од карактерот на човекот , му кажа како да направи пирамида од картон и ако во неа стави изабен жилет на вечерта жилетот утредента ќе биде остар како нов и други слични работи со кои репертоарот на авторот беше богат.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)