Можело, на пример, поради каква да е причина да не дојдат тие двете на изложба, или да дојдат дури откога ќе биде затворена, или да намине само девојчето, во кој случај изненадата полесно ќе се изживееше, зашто немаше да се гледаат меѓу себе ужалани и немошни пред уште една навреда.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тоа попладне Гоце и Даме седеа на балконот од Дамевиот стан во Штип и разговараа: - Се сеќаваш ли, Гоце за случајот во солунската гимназија? - праша Даме. - Кој случај?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Тогаш со зборови викав “долу султанот“, а денеска работиме не само да го собориме султанот, туку и да го истераме од нашата земја.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
„Минималната возраст наведена во параграф 1 на овој член не треба да биде помала од возраста неопходна за завршување на задолжителното образование и во било кој случај да не е помала од 15 години.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Токму поради оваа новонастаната ситуација, писмото до Карл од Марија, не можеше веќе ни во кој случај да дојде во рацете на родителите на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Освен доколку, се разбира, не станува збор за последен бакнеж, за бакнеж со кој се простуваме од сите бакнежи, во кој случај (барем овој човек) треба да биде бакнат не само како тој самиот in propria persona туку и како сите и секој од неговите среќни овоплотувања, вистински и исфантазирани, во секое расположение/начин/место/време, сѐ до крајот на љубовта и здивот и јазикот и зад тоа, до крајот на оваа приказна и сите приказни, до крајот на ова договорено продолжение и неговиот придружен услов - „Нема услови.“
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Покрај ова, со истиот закон се регулираше и исплатата на дивиден- да, т.е. се прецизира во кои случаи се забранува исплатата на диви- денда кога сопственичката трансформација на претпријатието не е извршена согласно со Законот за општествениот капитал (чл. 9).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако на првото рочиште за главна расправа не дојде тужениот, а изостанокот не го оправдал и нема услови за донесување на пресуда поради изостанок, како и кога на некое подоцнежно рочиште ќе изостане тужениот, расправата може да се одржи (чл. 280, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
3. Во парничната постапка судовите судат во совет. Со овој закон се определува во кои случаи суди судија- поединец (чл. 12, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)