кој (зам.) - смисла (имн.)

„Во која смисла?“, сакав да ја прашам, но знам дека таквото прашање сигурно ќе ѝ зазвучи непристојно. Односно, ќе асоцира на секс.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кикицас со дланката испегла мустаќи и кратко праша: - Во која смисла? - во неговиот глас сите почувствуваа навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За да ја воспостави таа поента и за да покаже точно во која смисла е вистинита, Милер се впушта во опширно и подробно исчитување на мјузиклот Циганка од 1959 година од Артур Лаурентис, Џул Стајн и Стивен Зондхајм и се обидува да ја објасни емоционалната привлечност што ја имал за некои геј-мажи во тоа време (и за многубројни геј-мажи оттогаш).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Згора на сѐ, тие се двосмислени, па мое е да одлучам која смисла повеќе ми одговара.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)