Би требало тоа распаѓање да се претвори во жесток процес, во насилна смрт, по пат на исмевање, предизвику вање, повеќекратна симулација која што ритуалот на смртта на универзитетот би го понудила како модел на распаѓање на севкупното општество, заразен модел на напуштање на секоја општествена структура, во кој смртта конечно би го извршила своето пустошење кое што штрајкот очајнички се обидува да го оствари, во дослух со системот, успевајќи во најдобар случај да ја претвори во бавно, успорено изумирање, кое што дури веќе не е ни можно наместо некоја субверзија, некоја офанзивна реверзија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ги сметаше Татковите книги за живи, веруваше дека, низ потсвеста, тие ја водат до живиот простор на семејството на кој смртта не му можеше ништо...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)