А тие кои ходат по баење и по маѓии и кои сон верујат, тешко и горко ним!
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Мајка со последните сили ги довршуваше преостанатите работи на денот, кои ја чекаа само неа, и се предаваше на лека дремка, во која сонот беше разблажен од содржината на разговорот на Татко и побратимот на чардакот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Истражувачот во нас нека ја остави, барем за час, лесната опуштеност на навиката, и нека се упати кон далечните предели во кои сонот и јавето нераскинливо се преплетуваат.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
- Види го чавчево, како лесно си заспа! - зловолно мрмори остарената чавка, на која сонот никако не ѝ доаѓа: - Младост, лудост!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Вистина е дека ќе видиш човек во сонот, ама во кој сон не ќе сретнеш човек.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)