кој (зам.) - уста (имн.)

Еден човек со мазна боксерска муцка, на која устата беше само еден засек, застана пред него, замислено балансирајќи го пендрекот меѓу палецот и показалецот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И немам намера да те убедувам во тоа; ти допрва ќе се увериш, кога ќе чуеш што изрече Филозофот вчера во скрипториумот, и каква хула бесчесна фрли врз Господ Бог Седржителот, со кој устата му е преполна, како и кај секој лукав, лицемерен и притворен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Та ти не си Роска, на која устата ѝ е побрза од мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Богородице Мајчице, дај ми сила да се одвлечкам како проколната гуштерица... милите да ги видам - па да ослепам... душава да ми излезе... да се камносам... со кои усти да им кажам што станало?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)