По гредите на таванот над главата играше светлината со сенките, небаре духови кои час се подаваа, час исчезнуваа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И на Стивенс срцето возбудено му чукаше, и гледајќи го немирот на кучињата, кои час ослушнуваа, час ќе зацимолеа да се ослободат и да летнат по миризбата што ја насетуваа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Усните му беа бузлести, влажни, како џигер посинети и со некоја растегливост поради која час оставаше впечаток на човек со шарм, на ведро небо на кое сепак се појавуваа секавици што оддаваа опасно зол човек.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога листот паѓа сам сеедно во која доба, во кој час ПАЃА подеднакво и исто Просто паѓа без вид без мисла и сон.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)