Исто е со минатото на било кој човек, неговата личност е неговото минато.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
На таа моја помисла која човекот со кого седам како да ја чу, ми вели со едно бескрајно ненавидување.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Еден човек... Не знам кој човек е тој.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Има грст заби кои се непосредно извадени, еден по еден и има рака или грст заби кој човек ги вади од џеб, од порано што ги вадел и ги има со себе за моменти на размена на зборови.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Трново секако не живее од историјата, но таа веројатно помогнала за неговото оформување како вонредно живописен град од кој човек тешко се разделува.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А кој човек може да си наметне ваква самодисциплина, кога секој трча да види сè што е ново: општата глетка на најмодернистичките архитектонски решенија на павилјоните, тоа што во нив е прикажано, спутникот во советскиот павилјон, електронскиот мозок во американскиот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Пронаоѓањето на алфабетот било решавачко скршнување по патот по кој човекот станал човек.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Има такви зборови во неа од кои човек вивнува од срам.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но што чекам јас? „Денес е денот во кој човек може да биде овенчан со слава и венци или со проклетство и срам!“
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Неговото надворешно однесување е одбрамбен систем којшто е аналоген на безбројните отвори кон подземните премини за кои човек си замислува дека ќе го воведат во подземната цитадела, но тие водат во други насоки или не водат никаде.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дали постои некоја хемикалија која човекот ја знае и која може да дејствува против нараснувањето од квасецот?
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Грифонот, од своја страна, просто како да му покажуваше и докажуваше дека е суштество коешто не само што нема да му пречи, туку како веќе и да му ги пополнува празнините на денот со кои човек на негови години неизбежно се соочува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Побудите поради кои човек сака да го знаат како родител на некое дете треба да се преиспитуваат секогаш – како побудата на Крафорд да добие публицитет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Долгите нокти, подвиткани од преголемата должина, кога ќе се закачеше, ненамерно го гребеа по белата платнена долама, притоа создавајќи звук од кој човек се наежува.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Но постојат и многу долги и широки змии по кои човекот може да оди, да ги истражува, однапред, наназад и обратно.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Мама на престол Роденденска На село има еден момент кога сонцето заоѓа и одеднаш сѐ стивнува, како заспано дете, како кафана по фајронт. Мир кој човек мисли дека некако го заслужил.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Орелот и орлицата се движеа кон сонцето кружејќи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Клунестите птици ја почнуваа својата љубов со првата топлина, високо, на еден простор кон кој човекот само со поглед се движи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
АНТИЦА: Од кој човек, бре дете? Кое си ти?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
2. Штом се подготвиш со овој прекрасен почеток, од кого следуваат сите други правила од кои човекот блеска во општеството, ти треба да отфрлиш некои предрасуди, кои некојпат му пречат на младиот човек да блеска со остроумност. 120 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
1. Од самиот почеток, штом само стекнеш свест за себеси, научи дека си благородник, дека си дворјанин и заклучно, дека си роден само да го јадеш оној леб што го сеат твоите селани; со еден збор, замисли си дека си среќен трут, кому крилјата не му се изгрицкани, дека твоите дедовци само тоа и мислеле, на твојата глава да ѝ го остават правото на ништо да не мисли.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Отпрвин, нешто измислувајќи, нешто украсувајќи, тој го воведуваше во занимливиот свет на своите доживувања, во кои човекот секогаш победува и се ослободува себеси од нечија волја.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Луѓето не брзаат, како да сакаат со својата бавност да го задржат летото кое и самото не брза на својата традиционална средба со солзливата есен, онаа есен во која човекот е далеку потажен што е сам отколку во пролетта.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас потскокнувам и си го прераскажувам сонот што треба да ти каже кое момче ќе го земеш, за кој човек ќе се мажиш.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Сега за кој човек сакате, вели за кој човек сакате да знаете уште колку време ќе живее. Конецов се ќе ни каже, вели, огнот се ќе ни каже. - И ние кажуваме имиња од луѓе што ги мразиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Истото барање, пак прескокнувајќи неколку векови, повторно ќе го формулираат надреалистите, кои, парафразирајќи го Дорн, во еден од своите часописи ја испечатија зајадливата наредба: „Вие, на кои оловото им е во главата, претопете го и претворете го во надреалистичко злато.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Како што беше истакнато во првиот дел, материјалното ослободување на филозофското злато од простите метали е метафора за психолошките процеси со кои човекот се ослободува од основните животни контрадикции.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Беше прочитал една стара грчка дефиниција според која човекот е животно што зборува!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За „читање” на ваквото писмо доволно е да се препознаат симболите, а редоследот тогаш може вербално да се опише на различни начини, без оглед на јазикот со кој човек зборува.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Приказните за Голдштајн и за неговата илегална армија, рече таа, се целосна измислица што ја исконструирала Партијата за свои цели и во која човек мораше да се преправа дека верува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но дури и тоа беше настан што се памети во затворената осаменост во која човек мораше да живее.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ненадејно, и со оној вид на жесток напор со кој човек ја врти главата по перницата во ноќните мори, Винстон успеа да ја префрли својата омраза од лицето на екранот врз темнокосата девојка зад него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
А покрај тоа, јагулата е лековита; лечи: слабокрвност, жолтица, мајасил, падавица, катар во цревата, и други болести за кои човекот не знае дека ги има...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Уште една парадигма на природниот универзум, на која човекот мораше да се прилагоди, а не успеваше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Игор Лозински продолжи: - Големи загатки ги следат јагулите на нивниот пат, кои човекот не стигнал да ги разјасни.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Меѓу нечовечките животни, одредени домашни галеничиња (освен, можеби, тропските рипчиња во аквариум кои положуваат јајца и обично се бањаат во анонимни јата од приближно пет-шест, за разлика од повеќе индивидуализираните животни што раѓаат живи младенчиња), но претставници на класа за сите други видови од кои човек ќе реши да се прости: по еден син рак или кралска пеперутка или црноглава сеница наместо сите, итн.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
-Постојат и такви болести за кои човек мечтае да го стрефат!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Кој човек?“ „Некој друг човек, што, гледајќи те тебе, ќе направи машина од блескава хартија и бамбус, како оваа овде.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
- На кој човек, бре?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Море, да не е шофер на другарите, на што ќе те барав, - рече налутено и со дланката се удри по внатрешниот дел на лактот така што раката одеднаш му се подигна и кога се најде до носот, Кузе ги стегна прстите во тупаница.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Циркусот ја запоседна широчината крај езерото, и тие денови во селото не се знаеше кој човек е оттука, а кој циркузант: се облекуваа и децата и возрасните во партали, се шараа во лицата со бои, редеа маски и трчаа по сокаците како василичари, скокаа, врескаа, правеа сѐ што ќе им паднеше на ум.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во земјанката, во ровот и во бункерот, во долгите, најчесто пелтечени дрдорења на довчерашните говедари и овчари, а сега самоуверени и самобендисани политички комесари, кои човека го прават роб, перејќи му го умот и мозокот само за да го ослободат од обидот да размислува, да не мисли и расудува; ги запозна чекриците низ кои тие, млади и недопечени, поминаа за да станат голема сепаленица.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Постои потреба за простор кој овозможува слобода на движење во склад со можноста личноста да одржи рамнотежа; и потреба за друг “простор” во кој човекот би можел да ги насочи мислите на она што го работи, без пречки.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Со кои луѓе се среќававте, вели, и какви задачи добивавте?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Требало да се потури на некои места со водичката која човекот му ја дал. Ова никому не го кажав.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Сè што се случи толку набрзина, веќе ми се чинеше толку туѓо и далечно, како да беше некој не толку убав сон, да не кажам кошмар, на кој човек не сака да се присети.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)