За да не цркнам како рис во кафез својата доза од интернет дрога морав да ја примам во најблиското и засмрдено од цигари интернет-кафе дружејќи се со копиљаците кои наместо да играат баскет и фудбал пред зграда, секојдневно ги вежбаат своите ратни вештини преку вечниот и неповторлив кантер страјк.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)