кој (зам.) - покрај (предл.)

Сопственикот добиваше визит-карта на Пансионот на која покрај адресата, стоеше и планот на Виена, улицата и местото на Пансионот заокружено со црвено тркалце.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во 1868 година Србија тајно преговара со бугарскиот Букорешки комитет за создавање на една јужнославјанска држава во која покрај Србија и Бугарија ви влегле уште и Тракија и цела Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Понатаму, законот од 1993 година вклучи одредба со која покрај забраната за исплата на плати од дневен пазар, како и исплата на плати и други надоместоци на плати во бонови и натура, ја прошири оваа забрана и за исплата на дивидендите (чл. 11, ЗИППРМ/93), а во законот ја вклучи и регулира исплатата на пензиите (чл. 6). 4.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кочијата, во која покрај ковчегот имаше уште четворица мажи и, една жена, мајката на умреното, се упати по Пазарџиски Пат, тогаш во тие оддамнежни времиња, сѐ уште неразгазен, кон Прилеп, но кај Алило, после се дозна за тоа, скршнала десно, кон Битолско Џаде и по него, по Битоско Џаде, го однесле малечкото во Битола и таму, на тамношните христијански гробишта, го закопале.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Семасиографијата или идеографијата ја карактеризира онаа класа на системи на писмо, чии знаци не ја изразуваат фонетската страна на конкретниот јазик, туку Маргина 37 83 изразуваат конкретни поими или цели ситуации во непосредна корелација со планот на содржината на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со други зборови, во таквите системи на писмо планот на содржината изразен со зборовите на конкретниот јазик, непосредно се одразува во знаците на писмото, со што знаците на писмото ја играат улогата на единици, кои покрај зборовите од конкретниот јазик ги изразуваат и универзалните појмовни категории од разните нивоа на апстракции.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа му значеше дека со секого може да разговара, со секого му оди зборот: од чистачот на чевли, што го чекаше на плоштадот секое утро додека Миха му се приближуваше со бурек во устата, до последниот гостин - професор по покана - кој покрај предавањето ќе посака и да размени мислења со колегите, повеќе пренесувајќи ги одошто разменувајќи ги своите со нивните искуства.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)