кој (зам.) - културен (прид.)

Некои одат дури толку далеку што занесено говорат за некакво субверзивно, герилско делување на публиката, иако воедно признаваат дека на капитализмот од страна на популарната култура, што веќе заради комерцијалната насоченост избегнува секаква радикалност, не му се заканува некаква голема опасност.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како моќен доказ за тврдењето дека на крајот луѓето се оние што одлучуваат кои културни артефакти ќе ги изберат меѓу понудениот репертоар, често го наведуваат податокот дека и покрај екстензивното огласување на пазарот пропаѓа 80 до 90 отсто од новите плочи и филмови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Најверојатно можеме да очекуваме дека во иднина критиката на популарната култура ќе се обиде да ги надмине двете крајности и ќе ги спои политичката економија со анализата на текстот на публиката. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 108
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)