кој (зам.) - нормален (прид.)

А и кој нормален би градел музеј тука - за време на локалните избори додуша им ветуваа споменик на сред село, интернет во секој дом и топла вода од сончеви колектори, ама единствено што добија од сето тоа беше плазма телевизор во локалното гранапче, преку кој ги слушаа владините соопштенија.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како некаква бездна да зјае помеѓу оние кои меѓусебе се сметаат за нормални, и оние кои нормалните ги прогласиле за луди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето кои стојат на брегот на нормалноста честопати се чувствуваат туѓи едни со други, но знаат дека делат еден ист брег и една иста реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)