На овој мост болката и радоста во една солза се сплотени од нашите исконски, страдалнички души родени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Прикрадувајќи се нечујно во целиот простор на бледи силуети, чувствувајќи ја сопствената немоќ, шепот на студен ветер во мојава душа кој крадешкум ме обзема толку силно за да затреперам и знаев тогаш и знам и сега дека ова е мост кој ги поврзува сите наши души, душите на светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Пареа низ искршената светлина која крадешкум скромно доаѓаше од прозорецот, неповикана од никого, непоканета, се разбира, сенките не смеат да се почуствуваат осамени.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Е, тоа беше златното време на шадханите од кое, фала му на Севишниот, и јас нешто фатив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)