Наместо устата и чмарот кои лесно се расипуваат, зошто нема една дупка за секаква цел, која и ќе јаде и ќе исфрла?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Нему целиот стомак му се креваше и спушташе и така ги прдеше зборовите. Капираш?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Псалтир Палигоров беше обична вејка, пред бесот на директорот Донски, која лесно можеше да одлета низ ширум отворениот прозорец и да го снема засекогаш од Архивот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Се надевам дека оваа шмизла нема неславно да заврши и да биде киднапирана од неколку цигани кои лесно можат да ја грабнат и да ја турат у циганска кочија па да ја продадат на некој продавач на старо железо.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Татко добро ја познаваше природата на Камилски, кој лесно се воодушевуваше, неочекувано и не толку мотивирано стануваше безрезервен оптимист, но и лесно се разочаруваше, запаѓаше во необјаснив дефетизам.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко беше друга природа, битките со егзалтација и разочарување, остануваа невидливи, се одвиваа длабоко во него.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Споменатите инсталации (со логиката на виртуелните машини поврзани дела) без големи тешкотии го менувааат општествениот систем на уметноста како комплексни, нелинеарни, автореференцијални и автопоетични.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таквиот збогатен систем не е едноставен, не е подложен на едно начело (исто така нема „водич”), не е сличен на војничкиот систем за да ги игнорира промените и да бега од новотариите кои лесно би го минирале; напротив, тоа е систем кој што безризично произведува ново и демонстративно ги апсорбира сите новини.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Кон соработниците во Центарот Круме беше коректен, посебно кон Нинослав кој лесно наседна и ја прифати Ема.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Денес, трагите на пепелта водат точно во тој предел во кој лесно се распознаваат запретаните, (неизгаснатите!) огништа на првата средба со видливото.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Внимавај, на царот многу бргу му досадуват ваквите како тебе, кои лесно ги манипулира.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Го охрабруваше тоа што беше скоро сигурен дека дома евентуално ќе најде сама жена за која лесно ќе измисли прикаска.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Современиците го знаат како човек кој лесно ги трошел парите (и за лично задоволство, но и за други потреби), но и кој умеел на разни начини да ги набави.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Го отворив писмото со лек трепет во душата. Го очекував одамна овој познат ракопис, кој лесно не идеше, но кој беше дел од мојот идентитет кој со мојата оддалеченост бавно го губев неповратно.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Лесно го препознав и нејзиниот ракопис на пликот со кој беше испишано моето име и презиме, адресата. Се гледаше напорот да биде ракописот што поубав.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Теоријата, дотогаш, била оној поглед на свет со кој лесно ги осознавале непроменливите форми.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бевме во добата на невиноста, кога душата уште е мека глина и не знае дека еден ден ќе се претвори во камен или во посна земја; бевме во онаа доба кога душата е глина која лесно може да се стопи со сродна душа, и од двете да стане едно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Да, инструкциите се однесуваа на козарите, но не и на овие проклети бели ѓаволи, кои лесно можеа да му ја загрозат кариерата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Затоа зашто никогаш не ги почитував оние жени кои лесно и без многу размислувања, значи без причина или заради беззначајни причини го напуштаа својот дом и својата среќа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но кога таа ми објасни дека не можела да поднесе да биде жена на човек кој станал кодош, слуга и полицаец на туѓинска држава, каков што беше и оној кај нас Црн Киро, не можев а да не ја оправдам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)