Селаните ги палат стрништата полни презреани надежи и пак го превстасуваат дождот за кој однапред знаат дека е јадрокап и ги удира в чело урнатиние на животот.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Само паметните мирно можеа да чекорат во животот, не осврнувајќи се на случајно наметнатите тежини за кои однапред знаат дека подоцна ќе се преобразат во леснотија.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од таа гледна точка, нашиот живот е една беспрекорно уредена нарација, расказ кој однапред е напишан, а клопчето се расплетува – кога ќе му дојде времето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)