Јас и Крмакот сами од себе не верувавме во Бога. Дури и се инаетевме кој помалку верува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Догледање. Господинот Сенка е просто вџашен, и долго не може да се соземе од она што му го кажа Дипигус.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Дипигус се навредува и, пред да излезе, дрско му вели на господинот Сенка: - ќе ви дадам еден совет, почитуван господару, како да ги истрезните тие ваши пијани послушници: мозок од овен што не се парел, треба да се стави во вода во која биле избањати мртовци; и тогаш само треба да се послужи, господине Сенка, слично како овие риби и змии кои помалку еднолично ги имаме на менито секој ден.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
А таму во тој затворот сите, кој помалу, кој повеќе, си бевме шпиони еден на друг. Така наместена работата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)