Имено, дедо Иван, подозрителен до сржта на коските, долго и сомнително ги премеруваше, се колебаше дали да ги прими и нема ли со тоа, заради извесна парична полза, да си навлече само поголема беда, од која после тешко ќе биде да се откачува.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Успеав некако да се соземам, иако малку ми се вратија емоциите кои после еден месец се чинеа толку далечни.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
После и в затвор заедно лежеле онаму горе кај Црни мост, во истата зграда што беше интернат и во која после тие двајцата лежеа в затвор.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Сите погодуваа и знаеја дека на Ица детето – Еда – и е од тој калфата во фурната кај татка и, некој Дракче од Брезница кога инаку читателов веќе го знае, кој после се разболе од туберкулоза, стана партизан и, како што се зборуваше, загина во борбите со грчките монархофашисти некаде во Егејска Македонија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На прво место со еден кому партизанското име после му беше Ѓунијата, не знам како му беше вистинското име, кој после побегна в партизани, стана некој командант таму и по војната се најде меѓу големџиите, во Скопје.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Овие сега што ја држат општината во Ливаѓе мене сакаа да ме стават да бидам изгласан за делегат ама не беа сигурни и затоа јас не сакав да се резиља да изгубам од Најда Шетленка што го токмеа ливаѓани кои не беа на власт и кои после мене многу ми се осветија ама ми дојде мене Шабан од Невенино и ми рече да кандисам.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Мислам дека не постои жена која после пробата на „Дрвеница“, ќе се сврти кон Мајаковски, Мерхолд или Шостакович и ќе посака од нив да не се глупираат.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Во Ново Маало купи куќа, во која често одевме на визита и во која после живееше син му, бате Иле со фамилијата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Да не беше тој некое од оние грабнати рисјански деца од јаничарите, кои после станаа ас Турци? се праша брзо рибарот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сакаше да ги знае сите тие работи, сакаше да знае сѐ, што беше напишано во оние тешки купишта книги во собата од младичот, а сакаше да го знае и она, што го кажуваа и другите, забранетите, кои младичот отпрво си ги криеше под креветот, а за кои после Змејко му изнајде едно скришно место во подот од своето сопче. Младичот не му кажа ништо веднаш.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се трескав толку силно, што не се препознавав веќе...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Треската пак ме обзеде...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И кои после го буткаа креветот горе...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
1. Промени во законската регулатива настанати со донесувањето на ЗВРС во 2007 година Со носењето на ЗВРС во 2007 година за првпат во РМ се донесе закон, кој после стекнувањето на независноста ја регулира оваа материја.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Не можам да ги пребројам сите оние кои после тој ден, откако ќе ги видеа моите слики, се смееја до бесвест.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Или како: лицето што го набљудувам во огледалото; свежината на вода на дланка; потполна сосредоточеност на секое движење; веселост во зборовите „глувче“; недофатлива трошка во устата; тело собрано во тилот; туѓ глас кој после подолго прислушкување го препознавам како свој.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)