Мал по раст и речиси изгубен во големите алишта, купени од којзнае која телалница, Веле оставаше жален впечаток.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
За изненадување на Ване, сега на масата, од десната страна на мајка му, седеше стариот - но не оној стар што го знаеше туку сосема друг, како којзнае која копија од оригиналот што си имаше свој отпечаток дури за и на малиот прст од раката, во вид на дискретен нокот - доволно долг да му се забележи на широката и плоска дланка, но и доволно краток да не му пречи во пишувањето на службените списи, и секогаш однегуван не со ножички туку со турпиичка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Дај да купиме некој портабл, овој мамата ми ја еба“, му велеше на Горан, па купија, ама татко им Кизо не го бендиса и ѝ го подари на Микица за на приколка, дека беше убеден оти малиот телевизор не е нов, ами дека е од визба од којзнае која година.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Таа куќа само блосој може да види и ќе нема душман на куќата што не ќе омекне", рече жената, свекрва или којзнае која, и си замина.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)