којшто (зам.) - најдобро (прил.)

Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
LI Влегувањето на Татко и Камилски во нивните библиотеки означуваше враќање во тишината којашто најдобро ја разбираа и ги разбираше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во осамата и тишината на нивните книги имаа чувство дека допираа до суштинското на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)