Ме заболе Ѓуро и за ребаланс и за држава.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Да не скршивте нешто?“ „Не. Добро ми е. Само ме заболе за миг, тоа е сѐ.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Највеќе ме заболе што татко ти воопшто не реагираше. Се собра во фотелјата и молчеше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
АНЃЕЛЕ: Така е, татко! Ич ти да не се сакалдисуваш, сполај му на бога, досега ништо не ме заболело.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
А, твоето свирење е нешто друго – бев искрена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ене, оној братучет ми Саше, го мрзи да вежба секој ден на труба, па затоа кога го слушам како свири ушите ме заболуваат од тие звуци.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
ако не можам да те сакам, вели, ќе можам да те тепам, како ѓуптинот ѓупката, вели, првин ќе те завиткам во една черга, вели, за да не можам на место да те отепам, и после ќе мавам, ќе мавам, вели, дури да ме заболи раката ќе мавам, дури да те засакам повторно, вели, и после на секое удрено место ќе те бацувам, вели, за да се сетиш зошто било тепањето, вели, младоста сонува, му велам, а староста само се сеќава на сонот, рекол некој, колку деца ќе имаме, прашува Горачинов, јас веќе имам едно, велам, ти имаш, вели, но сакам и јас да имам,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ако не ме заболеше бубрегот, немаше да дознаам дека имам повишен холестерол, па можеше да ми настрада и жолчката.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Баш ме заболе за царевите, кралевите, војсководците и владетелите! Да, да, убаво слушнавте! Баш ме заболе!
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Инаку, пред тоа јас за него секогаш бев - ништо. Малечок...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сепак, јас скапо си го платив почитувањето.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Поради мене командуваше да не трчаме: да не би раната да ме заболи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„За што се работи, Џонс?“ „Не знам. Одеднаш ужасно ме заболе главата.“ „Дали веќе пиеше вода?“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој пишти, а јас мавам, дури не ме заболе раката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А се закатани и заб ме заболе. Катник, оздола. Ме клука, дури в теме ме удира. Не знам кај да се свртам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)