Такво прашање поставуваат некои од пријателите на татко ми и мајка ми, а особено оној чичко Гоце, од Берово, мајтапчија и подбуцнувач, кој не пропушта прилика да ме зајаде.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Вчера ме изнервираа новинарскине гниди.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Чудо е тој мој братучед, но кога претерува може и да ме изнервира.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Почнав вистински да се сомневам дека машината се претвора во чорапоголтач и дека таму некаде, внатре во неа, до каде што ми стига мојот женски пилешки мозок, околу познавањето на мотористика (ако така се вика науката за чистење сифони, одвод под када, казанче што капе и машина што рипа како да видела дух на секое центрифугирање), постои нешто што сака силно да ме изнервира.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со тие зборови, кога ќе ѝ изнаречам, ќе ја сосипам, ќе ја уништам, ќе ја ставам на шини по нив да се движи до крајот на својот живот,додека е во брак со мене и нокогаш повеќе да не може ни да помисли да ме изнервира, а камо ли да ѝ успее...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Моите дома никогаш такво нешто не рекле, дури ни брат ми, кој знае да се шегува со мене, со цел да ме изнервира, ама сепак, таа тема не ја злоупотребува.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)